Александра Тодоровиќ: „Кои биле најотмените места во старо Скопје, а кои омилените места за излет?“

„Офицерски Дом и Стариот театар! Тоа биле најотмените места каде најмногу се чувствувал оној европски шмек. Таму граѓаните оделе најчесто дотерани во а ла франга стил – преземен од париската мода и сè било на едно високо ниво и со многу стил“, раскажува Александра Тодоровиќ.

aleksandra-todorovikj-koi-bile-najotmenite-mesta-vo-staro-skopje-a-koi-omilenite-mesta-za-izlet-01.jpg

Александра Тодоровиќ од Скопје е авторка на книги за деца и млади, а нејзината најнова книга „Љубов голема колку Скопје“ го доближува главниот град до сечие срце.

Во продолжение следува разговор со Александра која ни ги освежува спомените за Скопје кои почнаа да бледнеат.

Велат дека неодамна имаш пронајдено љубовно писмо од трагичната 1963 година, закопано во дворот на една стара скопска куќа и токму од таму се роди идејата да ја напишеш книгата „Љубов голема како Скопје“? На каква истражувачка авантура ги испраќаш читателите?

Ги испраќам на најромантичната истражувачка авантура. Ги испраќам во мисија која има цел да го засакаат градот одново и одново преоткривајќи го!

Тоа беше и начинот на којшто јас го засакав мојот град. Токму тогаш кога се запознавав со него.

Така е и со сè околу нас, и со луѓето. Си даваме шанса и се запознаваме, ако постои клик тогаш тоа е тоа. А со Скопје и со неговите приказни, со неговата душа исконска не можеш да немаш клик. Само дајте му друга перспектива.

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 4

Самира, Лена, Тео и Денис се главните ликови во книгата. Сите се на иста возраст и сите заедно сакаат мистерии и добри приказни. Со какви предизвици и дилеми се соочува малата дружина истражувајќи ги тајните на Скопје?

Предизвиците се повторно преку игра и интеракција да го запознаат Градот одговарајќи на прашањата и движејќи се напред-назад низ книгата. Тоа е моментот кој оваа книга ја издвојува од останатите.

Оригиналниот концепт, љубовната приказна и едукативниот момент е она што ја води приказната и читателите.

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 3

Секоја книга си има својата читателска публика... За кого сè е наменета книгата „Љубов голема колку Скопје?“

Од 7 до 77. Според мене нема старосна граница. Јас би читала вакви книги постојано. Не би ме премислиле илустрациите или слично.

За мене најважна е емоцијата и длабочината на приказната.

И уште нешто, едноставниот стил кој можеби е модерниот начин на раскажување. За разлика од руските класици каде се навикнавме на долги реченици и епитети, сега во литературата има еден нов тренд на раскажување. Тоа се кратки реченици без многу епитети, каде авторите се обидуваат со малку да кажат многу, а тоа е навистина предизвик за сите автори.

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 8

Предлагам разговорот да го продолжиме во еден друг правец, да пробаме барем малку да го оживееме она старо Скопје кое веќе почнаа да бледнее. Како изгледаше Скопје од твоето детство?

За среќа, имав можност да го доживеам во неговиот полн сјај. Тоа беа излети на Водно и Сарај, тоа беше капење во езерце Треска, посета на скопските базени, кино Вардар и уште што не.

Семеен ритуал ни беше одење на средно Водно или Градски парк еднаш неделно. Посета на новогодишните саеми, потоа внимателно бирање подароци од тезгите на Плоштад и улица Македонија.

Одење на бурек во Ванила, на благо во Шехерезада, Малага или Апче. Благодарение на моите родители си носам најубави спомени од детството.

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 6

Кои биле најубавите маала во предземјотресното Скопје?

Пајко маало, Маџир маало, Ново маало – тоа се всушност маалата кои се наоѓале во централното градско подрачје и сè уште се сведок на едно време кое полека се брише од картата на спомените затоа што деноноќно се гради и урива. Се урива еден дел од градот кој засекогаш ќе остане во спомените, а се гради нешто кое помалку има душа од тоа претходното.

Секаде во светот сите архитектонски градби кои се заштитени со Закон за заштита на спомениците подлежат на строга контрола и заштита.

Така треба да биде и кај нас за да има што да се запамети и пренесе на идните генерации.

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 5

Минатото пополека бледнее. Што се случило на 16 ноември 1962 година во Скопје?

Голема поплава која била предвесник на уште една поголема катастрофа – Скопскиот земјотрес кој се случил на 26.07.1963.

Поплавата не однела човечки жртви, туку причинила големи штети. Земјотресот затоа однел… Затворил многу домови, разделил многу пријатели, љубовници…

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 1

Имало многу интересни згради и објекти во Скопје. Една од нив е и Ристиќева палата. Старите Скопјани добро се сеќаваат, но да ја потсетиме помладата генерација и оние што заборавила – која е приказната зад Ристиќева палата?

Ристиќевата Палата била изградена во 1925/26 година од српскиот фармацевт Владо Ристиќ. Господинот Владо Ристиќ не само што бил богат и мудар, туку бил и многу внимателен, за сè што ќе се зафател сакал да биде перфектно.

Токму затоа, кога започнала изградбата на палатата, господин Ристиќ постојано бил присутен на градилиштето. Набљудувал, сакал да знае сè, се залагал да се набави најквалитетниот градежен материјал. Не сакал ништо да биде препуштено на случајноста.

И успеал, направил здание кое му пркоси на сè, на сите елементарни непогоди, на забот на времето, ама најмногу на спомените.

Кога скопјани го запрашале: „Господине Ристиќ, зошто градите вакво чудо, толкава палата среде Скопје?“, тој мирно и духовито одговорил: „Градам споменик за себе“. И навистина, не само што изградил споменик за себе, туку и за многу генерации скопјани и оставил украс на градот кој продолжува да го разубавува веќе близу еден век.

aleksandra todorovikj oficerski dom i stariot teatar bile najotmenite mesta vo staro skopje a omileni mesta za izlet bile saraj matka i vodno 2

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg