Сашка, хумана кавадарчанка: „Една перика изработувам цел месец, сум донирала и на 7-годишно девојче болно од рак“
Пациентка која најмногу те има трогнато со реакцијата и која никогаш нема да ја заборавиш?
Не можам да споредам или кажам која пациентка ме трогнала, секоја ситуација е различна и за жал многу трогнува овој миг.
Но, покрај сите моменти, моментот кој нема да го заборавам е тој кога веќе ќе ми се јават и ќе ми кажат дека немаат повеќе потреба од таа перика.
Еве тука би споделила еден момент, случка којашто за момент не знаев што да правам дали да плачам, дали да се смеам.
Ми заѕвони телефонот едно утро, уште во 7 часот, и наеднаш кога го гледате бројот првично милион мисли ви поминуваат низ глава, ама сепак храбро морате да кренете.
И ми се јавува детски глас од таму и на цел глас, „Теткааа Сашкааа“, толку е, ОЗДРАВЕВ. Благодарејќи на тебе и мајка ми, јас сум здрава… Ама да знаеш периката ќе си ја врамам да ме потсетува на тебе и што сè направи за мене.
Во тој момент не знаете што да кажете, имате грутка и ви течат солзи, почнувате да се смеете. И едвај изговарате „Па ти душичке да си здрава и жива, а за периката нема проблем. И да си ја врамиш и дај боже никогаш да не поминеш низ ова повторно.“
Ете во кратки црти можам да кажам дека секое лошо за добро е. Таквите моменти ми го полнат срцето и ми даваат мотив и сила за уште повеќе.
На кој принцип се доделуваат периките?
Периките се донираат на сите онколошки пациенти, односно од деца, па сè до возрасни.
Првата перика којашто ја донирав беше кај 7-годишно девојче, втората кај 11-годишно девојче итн.
Периките како што можете и да видите на сликите се природни, имаат природен изглед и воопшто не се забележува дека се перики. Лесни се за одржување, можат да се мијат, пеглаат, виткаат и сл.
Која е твојата мисија и апел?
На крај би сакала да ги поканам сите компании во Македонија да ја поддржат мојата идеја и мојот проект и да се вклучат со цел да придонесеме до повеќе насмевки. Секој којшто сака да се приклучи може да ме исконтактира на мојот Фејсбук профил.
Имам една цел и мисија – дај боже периките да се носат само како моден додаток, не за овие намени, но додека ме држат овие раце јас ќе изработувам перики, повеќе перики, за многу повеќе насмевки.
Секој заслужува да е среќен, па затоа ајде да се обединиме и направиме добро дело затоа што секоја поддршка е важна, но, заемната е мотив дека заедно можеме многу повеќе.
Реакции од пациентки на кои Сашка им донирала перики:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело