Љубовната приказна на Мими и Филип: „За првиот танц сами си направивме песна, а на свадбата имав 3 венчаници“

Мими Јовановска, која се прослави со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, и Филип Нуневски Нуне, кој потекнува од музичко семејство и е дипломиран трубач и зад себе има низа настапи со легендарната Есма Реџепова, за CRNOBELO.com ги споделуваат деталите за нивната љубовна приказна и свадбена церемонија...

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-01.jpg

Мими Јовановска, која кај нас се прослави со учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ започнала со изучување на музиката во нижото музичко во Велес, со изучување на виолината како инструмент. Но, набрзо со запишувањето во средното училиште во Штип, нејзините вокални способности биле откриени од повеќе професори.

Мими започнала со јавни настапи на 16 години, а претходно настапувала на детски фестивали и концерти прв концерт на кој имав прилика да ја испеам мојата прва песна беше во мојот роден град Велес. Вели дека прва настап со своја песна имала во родниот Велес, но музичкиот натпревар во соседна Србија ѝ отвориле многу врати.

View this post on Instagram

A post shared by @mimijovanovskaa

Потоа се случило и запознавањето со Филип Нуневски Нуне.

Филип потекнува од музичко семејство и е сега дипломиран трубач. Имал јавни настапи низ целиот свет, како и соработка со нашата македонска легенда Есма Реџепова и настапите со неа низ многу концертни сали.

Сега двајцата заедно членуваат во еден бенд и живеат ист сон.

View this post on Instagram

A post shared by @mimijovanovskaa

За нивната љубовна приказна Мими споделува за CRNOBELO.com:

Нашата љубов започна во 2017 година, кога се запознавме на еден заеднички настап. Беше некој ден пред самиот дочек за Новата година. Оттогаш започна сè и трае до ден денешен.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-03.jpeg

Нашите патишта се споија преку музиката, нашата љубов ја градиме преку музиката и нашиот живот е исполнет со музика и љубов. Речиси 5-та година како сме заедно и решивме заедно да го поминеме нашиот живот.

Љубовта се гради за да трае. Животните прилики, убави или лоши се тие што ќе те направат посилен и што ќе ти дадат мотивација.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-10.jpeg

Како пар поминавме можам да кажам секакви моменти, но круната на сè е нашиот брак.

Беше 7-ми август 2021 кога Филип клекна пред мене и ме побара за жена. Беше романтично и украсено сè во нашиот дом.

Прстенот и запросувањето е само уште еден нов почеток во нашиот живот, нови обврски, нови искуства за да се биде посилен и посреќен.

Од тој момент до 17 јули, кога беше нашата венчавка, секојдневно течеа нашите планови како ќе изгледа нашата прослава.

ljubovnata-prikazna-na-mimi-i-filip-jas-peev-toj-svireshe-na-nashata-svadba-imav-3-venchanici-i-sami-si-napishavme-pesna-02.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на нашата стјуардеса Ана и Тарек од Јордан: „Живееме во Дубаи, тој уште не бил во... „Јас сум стјуардеса, летам на долги релации, и дома често само на спие...
Љубовната приказна на Катерина од Берово и Захер од Либан: „Ме запроси на најубавото место во Саудис... „Се регистриравме во Македонија и закажавме свадба за следната година. После рег...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
„Прљаво казалиште“ за CRNOBELO: „Во Прилеп скршив рака, тоа е ‘спомен’ од Македонија што ќе го памта... „Песната Marina е наша 'лична карта' последниве години. Уште пред концерт н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg