Бисера од Скопје направи свадба на Бали со партнерот од Босна: „Имавме 50 гости од цел свет, мајка ми ја шиеше венчаницата преку видео повик“

Како изгледаше свадбата? Каде се одржа и кој ти беше најубавиот момент?

Свадбата беше буквално како што замислувавме. Се одржа во вила покрај плажа, со многу зеленило, свежи цвеќиња и трепкави светла.

Целата свадба беше надвор на отворено, и иако беше многу топло (околу 28 степени), свежината од океанот придонесе да има убава атмосфера.

Најубавиот момент ми беше церемонијата, потоа говорите, а и крајот кога сите завршивме во базен, со сè вештачки трепки!

Да бидам најискрена, омилениот дел ми беа гостите – бидејќи сè можеш да организираш, да платиш и да планираш, меѓутоа расположението е тоа што ја прави свадбата убава, а нашите гости беа ептен весели – мислам дека не седнавме цела ноќ!

Тортата ја пробавме дури следниот ден.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-19.jpg

Какви се свадбите таму? Имаше ли класични порции и пијалаци како кај нас, каков беше концептот?

Има секаков вид на опции, од класични порции до шведска маса. Ние одбравме порции за делење (sharing plates) кои беа послужени на средина на масите. Имаше опции за индонезиска или западна храна, каде што ние одбравме микс.

Предјадењето и главното јадење беа во западен стил, месо, салати, њоки и слично, додека десертите беа традиционални индонезиски (освен тортата).

Од пијалоци имаше сè од шампањ, пиво, вино, жестоко и коктели. Секако и тука имавме опција да бираме – па одбравме сè (балкански хаха).

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-10.jpg

Како реагираа локалците на балканска забава?

Дефинитивно имаше неколку вработени што нè снимаа додека игравме, не верувам дека виделе такво нешто досега, што нас ни беше ептен слатко – дефинитивно ќе нè паметат!

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-15.jpg

Како се подготвуваше ти како невеста и гостинките со шминка и фризура? Скапи ли се таквите услуги?

Организирав шминка и фризура за мене и другарките (и мајките), и ние се подготвувавме во главната соба со тим од 4 шминкери/фризери.

Дефинитивно знаат што прават, бидејќи времето беше многу влажно и мене ми беше важно да ми издржи косата пред сè (а природно ми е виткана, што не е добра комбинација со влажно време).

Сите беа задоволни, а цените се можеби малку поскапи од кај нас, но не премногу.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-16.jpg

Имаше ли нешто што ве изненади позитивно или негативно таму? Некоја неочекувана или несакана ситуација?

Искрено, не очекувавме дека ќе има толку гости. Уште кога ги праќавме поканите ни беше јасно дека има луѓе кои нема да можат да присуствуваат од различни причини, сепак се работи за голема далечина.

На наше изненадување, скоро сите пријатели најдоа начин да бидат таму за тој огромен момент – тоа е нешто што многу ни значи и секогаш ќе го вреднуваме.

Негативно – фактот дека се очекуваше да врне дента на свадбата, а ние одлучивме да ризикуваме и да не поставиме шатори. На крај, имавме голема среќа и цел ден блескаше сонце.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-06.jpg

Што те воодушеви од Бали? Би се вратила ли таму?

Самиот остров е прекрасен, без разлика дали се работи за крајбрежјето, или џунглата која го опфаќа целиот среден дел на островот – Бали има богата култура и дефинитвно вреди да се посети.

А локалците се нешто посебно – таква услуга и желба да се помогне не сме виделе никаде на друго место, префини и многу искрени.

Сега Бали е посебен дел од нашите срца, и сигурно планираме да се вратиме.

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-23.jpg

Повеќе фотки од свадбата на Бисера и Борис на Бали:

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-17.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-02.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-05.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-08.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-09.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-11.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-13.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-18.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-20.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-21.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-24.jpg

bisera-od-skopje-napravi-svadba-na-bali-so-partnerot-od-bosna-imavme-50-gosti-od-cel-svet-majka-mi-ja-shieshe-venchanicata-preku-video-povik-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg