Давид Трајковски, туристички водич за Скопје: „Полјаците се најбројни туристи, ги сакаат Македонците како домаќини, но се жалат за хигиената и бездомните кучиња“

Што најмногу им се допаѓа на туристите во Скопје, а од што се разочарани? И што им е најчудно во Македонија?

Чаршијата е најчесто место каде го поминуваат слободното време по заедничкиот разглед. Понекогаш добивам коментари за хигиената во градот или за бездомните кучиња кои ги сретнуваат на ул. Македонија.

Како туристите ги доживуваат Македонците како народ? И како Македонците ги пречекуваат странците?

Полјаците се едни од најбројните туристи и се најчесто добро пречекани од наша страна. Ние сме добри домаќини, а тие омилени гости. Позитивната енергија е заемна. Затоа и често се враќаат во Македонија.

david-trajkovski-turistichki-vodich-za-skopje-poljacite-se-najbrojni-turisti-gi-sakaat-makedoncite-kako-domakjini-no-se-zhalat-za-higienata-i-bezdomnite-kuchinja-10.jpg

А, што ти најмногу сакаш од Скопје? Како го доживуваш градот? 

Богатата историја на Скопје е таа која ме привлече да го работам ова. Скопје го доживувам како мал Балкан.

Со целата своја колоритност и примеси на различни влијанија и култури низ историјата. Двете страни на Вардар симболично го претставуваат тој контраст и симбиоза.

david-trajkovski-turistichki-vodich-za-skopje-poljacite-se-najbrojni-turisti-gi-sakaat-makedoncite-kako-domakjini-no-se-zhalat-za-higienata-i-bezdomnite-kuchinja-11.jpg

Кажи ни нешто за Скопје што ретко го знаат дури и скопјаните.

На пример тоа дека Скопската чаршија е една од поголемите во Османлиската Империја.

Што е потребно за да станеш лиценциран водич? Тешко ли е да се добие лиценца, што поточно се учи?

Потребно е да се заврши курс за турустучки водич и да се положат испитите на некој од факултетите за туризам. Она што е важно е дека само македонски државјани имаат право да пристапат кон вакви испити.

Секако се изучува македонската историја, географија, култура, но и основи на туризмот.

david-trajkovski-turistichki-vodich-za-skopje-poljacite-se-najbrojni-turisti-gi-sakaat-makedoncite-kako-domakjini-no-se-zhalat-za-higienata-i-bezdomnite-kuchinja-09.jpg

Колку време траат турите? Може ли да се организираат и приватни тури (за Македонци) или само за групи од странство?

Времетраење на разглед на Скопје трае најмалку три часа. Според интересите на гостите и нивната достапност можеме да организираме и програма за три дена во Скопје и неговата околина.

Секако дека може да организираме приватни тури. А уште поголем предизвик е за мене кога тоа би биле Македонци, кои сметам дека малку ја познаваат својата прекрасна земја.

Погледнете повеќе фотографии од Давид: 

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Жртва на сексуално насилство, булинг, злоупотребување од родител: Со Кирил Ангелов за „Безсловен“ Го помнам денот кога Кире дојде во нашата канцеларија и рече: „Сакам да зборувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg