Фани Хаџиева: „На 9 години ми дијагностицираа дијабетес тип 1, примав инсулин по неколкупати на ден, а сега имам пумпа“

Дали станува збор за наследна болест? Има ли некој кај тебе во семејството?

Дијабетесот тип 1 е најчесто наследен, но има и случаи каде што не е.

Јас сум еден од ретките случаи каде што не е наследен.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-05.jpgРодителите на Фани

Колку дијабетесот ти влијае на квалитетот на живот?

Дијабетесот како состојба со која пораснав и живеам веќе 29 години нема никакво влијание на нормалниот тек на животот. Се разбира, потребна е голема контрола и поддршка од семејството и пријателите.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-12.jpg

Јас имам прекрасно семејство кое секогаш ми ја дава најголемата поддршка.

Се сеќавам кога бевме мали со (средната) сестра која е 7 години помала од мене, јас кога си ставав инсулин сакаше и таа да се „боцка“, па мораа нашите родители и неа да ѝ дадат пластичен шприц.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-10.jpg

Секако, дека во толку долг период има добри и лоши моменти, но како што веќе кажав, моето семејство и лекарскиот тим од ендокринологија беа секогаш со мене.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-07.jpg

Колку дијабетесот беше ризик фактор плус во пандемијата? Те плашеше ли тоа?

Уф, ковидот, да! На почетокот бев преплашена, се чував максимално исплашено, но сепак на крај фатив и јас.

Има среќа што се заразив со омикрон и поминав многу лесно. За време на болеста посебно грижа водев за гликемијата да биде регулирана.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-03.jpg

Што би им порачала на луѓето кои за првпат се соочуваат со оваа дијагноза? Има ли простор за паника?

Дијабетесот не е болест, тоа е состојба со која се живее долго и нормално.

Сите ние сме медицински докажано слатки.

fani-hadjieva-na-9-godini-mi-dijagnosticiraa-dijabetes-tip-1-primav-insulin-po-nekolkupati-na-den-a-sega-imam-pumpa-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg