Успешни Македонци низ светот: Стефанија од Скопје е балерина, која живее во Русија и игра главни улоги во култен театар (фото)
Беше потребно премногу работа. откажувања и борба, но од овој аспект гледано секоја солза и плускавец, секоја повреда и осаменост (во многу моменти) вредеше. Премногу сум горда на себе на тоа каде успеав да стигнам, на тоа што постигнав за толку кратко време.
Тука морам да ги спомнам моите прекрасни педагози Наталија Анатолевна Моисеева и Виталиј Дмитриевич Полешук, со кои работам уште од првиот ден откако почнав со проби во Перм.
Малку е да кажам дека сум благодарна и да кажам дека ги засакав премногу и сум пресреќна, што работам со такви професионалци и најважно, прекрасни луѓе, пред сè. Ќе им бидам благодарна и ќе ги споменувам до крајот на животот.
Искуство кое нема да го заборавам е „Лебедово езеро“ изиграно во Михајловски Театар во Санкт Петерсбург, главна улога на таа сцена е повеќе од обичен успех. На тоа сум посебно горда и се надевам дека тие гостувања нема да се изолиран случај, туку ќе станат практика.
Имав прилика да играм со огромна ѕвезда и прекрасен партнер Никита Четвериков, на кој сум бескрајно благодарна. Толку искрен и добар човек ретко се среќава.
Друго гостување што можам да го издвојам е гала вечерта во Чебоксари, каде играв Па де де од балетот „Корсар“ и Бело адаџо од „Лебедово Езеро“ со Кирил Макурин.
Едноставно, го живеам мојот сон и благодарна сум за тоа.“