Марија Прличкова за паничните напади и анксиозноста: „Често го замислувам најцрното сценарио на работите, но сопругот ме смирува“
Колку сметаш дека говорењето на темата јавно помага?
Јавното говорење направи да не гледам на оваа состојба толку сериозно, ја прифатив како дел од себе и се трудам да не ѝ дозволам да ме превладее, бидејќи знам дека сум многу повеќе од неа.
Мојот личен сајт „Жена на жена“ го доживувам како издувен вентил, каде пишувам за сè и сешто, од моите искуства до разните стравови со кои се соочувам.
Што значи да се живее со анксиозност?
Да бидеме реални, мислам дека не постои личност која не се соочува со анксиозност, но тоа зависи од тоа колку сме анксиозни и колку често се јавува.
Кај нас е ментално нарушување бидејќи нè спречува нормално да живееме. Да живееш со неа, значи да живееш во сопствената сенка.
Кога си сам или со најблиските си сосема друга личност, додека кога си со другите си само една бледа верзија на самиот себе.
Каква е ситуацијата кај нас, колку во Македнија уште е табу тема да се говори за менталните болести?
За жал, менталните состојби и болести се само едно од нештата кои сè уште се табу тема. Постојат луѓе кои се срамат да признаат дека се соочуваат со анксиозност, не знаејќи дека таа ги прави живи битија.
Нема срам за сопственото физичко/ментално здравје, срам е да осудиш некој што оди на психолог или психијатар.
Што би им порачала на другите што се соочуваат со ваква состојба?
На сите кои забележуваат чудни симптоми им препорачувам да се консултираат со психолог, бидејќи знам дека не секој има некој како јас што го имам Емил во животот.
Повеќе фотографии од Марија:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело