Тематска свадба на пар од Скопје на аеродромот Стенковец – со „стјуардеси и авионски билети“
- Детали
- петок, 23 септември 2022
Марија од Скопје беше кул невеста со старки, на кои го пишуваше датумот на свадбата, а за CRNOBELO.com споделува дека свадбата им била буквално 7-часовно музичко шоу на спортскиот аеродром Стенковец.
Марија и Борис Цветановски, музичарот познат како Ris Flower, од Скопје направија уникатна тематска свадба на спортскиот аеродром Стенковец со покани во вид на авионски билети.
Покрај билетите, во овој дух беа и другите детали, па така хостесите беа облечени како стјуардеси, а коњопоите беа нумерирани со бројче како „gate“.
Свадбата се одржа на 18.09.2022, а невестата носеше персонализирани старки на кои го имаше токму датумот на нивниот голем ден.
Марија за CRNOBELO.com открива:
„На свадбата имавме 300 гости, наши драги пријатели, роднини, како и домашни и странски соработници.
Свадбата ни беше 7-часовно музичко шоу на кое настапуваа Бени & Нон Стоп, диџеј Вера Јанковиќ, Поп Арт Бенд, диџеј Декар и диџеј Антонио Геговски и гитаристот Георги Трајков со изведба на класична музика.