Менде Бошевски: „Чувам бурмански питон, долг 2 метри, возрасна змија јаде само 7 - 8 пати годишно“

„Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи кај нас кога ќе се спомене змија веднаш асоцира на нешто опасно, страшно и смртоносно, но тоа е затоа што за да биде гледана ТВ програмата прикажуваат снимки само како змиите ловат, но во реалноста состојбата со змиите е сосема поинаква…“, раскажува Менде Бошевски од битолско Новаци за CRNOBELO.com.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-01.jpg

Менде Бошевски од битолско Новаци, машински техничар по професија, чува змија бурмански питон како миленик.

Вели дека многу одамна е вљубеник во змиите и дека дружбата со нив му претставува задоволство и релаксација.

За својот егзотичен миленик, тој открива за CRNOBELO.com:

Како се одлучи да чуваш змија како домашен миленик? Имаше ли некој член од семејството кој првенствено беше против?

Јас сум зависник од адреналин, a мојот прв контакт со змија беше во Охрид. Таму првпат се сретнав со змија каде и се фотографирав, а тоа беше околу 1997/1998 година.

Почувствував страв и адреналин, а тоа чувство како да ме ослободуваше од напнатост и секој пат кога сум напнат или нервозен времето минато со змија ме релаксира.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-13.jpg

Многупати сакав да набавам змија, но бев спречен од родителите бидејќи кај нас кога ќе се спомене змија веднаш асоцира на нешто опасно, страшно и смртоносно, но тоа е затоа што за да биде гледана ТВ програмата прикажуваат снимки само како змиите ловат, но во реалноста состојбата со змиите е сосема поинаква.

Сега, на мајка ми ѝ се интересни боите на змиите, но сè уште не се одлучила да биде во близок контакт со нив.

Татко ми сака да гледа како ги хранам и ми помага во пронаоѓањето храна, но исто така не сака да биде во поблизок контакт со нив.

Единствено син ми се интересира за нив повеќе и се надевам дека еден ден во животот ќе одгледува змии.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-10.jpg

Чував најмногу мислам дека беа 12 змии наеднаш, и тоа различни видови на питони ball, burmese, carpet, blood како и боа констриктор или во превод царски удав.

Моментално одгледувам бурмански питон, женка стара 2 години со околу 2 метра должина.

Тоа е еден од 6-те најголеми видови на змии со просечна должина од 5.5 метри, но е регистриран примерок и до 8.2 метри и 183 килограми.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-12.jpg

Како реагираат луѓето на твоите миленици?

Луѓето ме осудуваат, некои се плашат да дојдат на гости, но многумина од нив по првата средба со змија го победиле стравот и веќе знаат дека не е тоа што го очекувале.

Нема гаранција дека нема да бидете нападнати од змија, но според мене поголеми се шансите да ве касне куче.

Змиите, одгледани во заробеништво, имаат посмирен карактер и се навикнуваат на држење во раце, па заради тоа се избегнува хранење од рака.

Таа треба да знае кога е време за храна, а кога е време за ракување и затоа мора да ја извадите од терариумот и да ја храните на друго место.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-09.jpg

Какви услови се потребни за да чуваш змија? Какви навики имаат, кога спијат?

Змијата не бара голем простор, нема големи потреби кога станува збор за чувањето, односно потребна им е само вода и топлина.

Зависно од староста, младите змии се хранат секоја недела, па на 2 недели, а после тоа возрасна змија јаде само 7-8 пати годишно. Мојата змија има две години и уште е многу млада, па се храни на 7 до 10 дена.

Пленот го убиваат со давење. Најчесто чека во заседа.

Многу ретко сум ја видел да спие и тоа било најчесто по хранење.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-08.jpg

Како им изгледа живеалиштето?

На змијата не ѝ е потребна светлина, па живеалиштето може да биде стаклен, дрвен или пластичен терариум.

На долната страна се поставува обична земја или струготини од дрво, пелети или хартија.

Еднаш месечно ја менувам таканаречената „постела“, а секој втор ден ѝ менувам вода за да биде свежа.

mende-boshevski-chuvam-burmanski-piton-dolg-2-metri-vozrasna-zmija-jade-samo-7-8-pati-godishno-11.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Игор Милановиќ – менаџер и поранешен ватерполист со одличен моден стил „Сметам дека луѓето треба да се облекуваат во облека што одговара на нивниот сти...
Петар Андоновски, писател: „Сакам да им дадам глас на оние кои смеат да зборуваат само меѓу четири ѕ... Се додека постојат луѓе кои мислат дека жените ги имаат сите права како мажите и...
Жртва на сексуално насилство, булинг, злоупотребување од родител: Со Кирил Ангелов за „Безсловен“ Го помнам денот кога Кире дојде во нашата канцеларија и рече: „Сакам да зборувам...
Лиле Ристова Стенсхорне живее во Осло: „И моите деца спиеја надвор на минусни температури, одат пеш ... Лиле Ристова Стенсхорнее веќе 15 години живее во Осло. Заминала како студент, но...
Дејан Петровски 35 години учествува на „Галичка свадба“: „Зетот секогаш има трема, но трае до првиот... „Свадбата оди во живо и нема место за повторување на церемонијата. Сите се клучн...
Д-р Радица Бојчева, гинеколог: „Најчести инфекции се ХПВ и хламидија, не секој тип на рак е наследен... „Девојчињата коишто не се сексуално активни посетуваат гинеколог после 12 односн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg