Физиотерапевтот Илија Жежов: „Македонците најмногу мака мачат со спондилоза, сколиоза и спортски повреди“

„Една од причините за сколиоза кај децата е неправилното седење, мобилните телефони, како и тешките ранци што го оптоваруваат ‘рбетот. Имавме пациенти кои по ковидот имаа атрофирана мускулатура, но и потешкитии со центарот за рамнотежа. Добро е, убаво, еднаш месечно секој човек да направи консултација и преглед кај физиотерапевт“ – вели за CRNOBELO.com Илија Жежов, физиотерапевт кој говори за најчестите причини зошто Македонците одат на физиотерапија.

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-01.jpg

Илија Жежов е познат македонски физиотерапевт кој долги години наназад им помага на граѓаните во справување со телесните повреди. Тој по потекло е од Битола, а иако има само 33 години, може да се пофали со 15-годишно работно искуство во професијата.

Во разговор за CRNOBELO.com, Илија открива дека 12 години работел во Одделението за физикална медицина и рехабилитација во Катлановска Бања, а веќе од 2019-та година има и сопствен центар за физиотерапија.

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-02.jpg

Со Илија поразговаравме за тоа со какви повреди најчесто се соочуваат Македонците, како може да се превенираат телесните повреди и болките што настануваат заради прекумерно седење, но и за тоа во колкава мерка физиотерапијата им помага на лицата што го прележале ковид вирусот.

Со какви проблеми најчесто се соочуваат Македонците, заради какви болки најчесто посетуваат физиотерапија?

Луѓето најчесто се соочуваат со разни видови на здравствени проблеми.

Чести се спондилоза, сколиоза или спортски повреди, а најмногу се бара третман за рехабилитација кај пациенти што доживеале мозочен удар.

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-04.jpg

Дали Македонците ја користат физиотерапијата превентивно или кај вас доаѓаат дури откако ќе почувствуваат влошување на здравствената состојба?

Има луѓе кои се доста одговорни за своето здравје, па не чекаат да дојде крајна нужда, туку веднаш бараат помош и соодветно решение за настанатата состојба, а за жал има и такви што покасно појавуваат потреба за физиотерапија.

Разликата кај овие две состојби е во тоа што ако проблемот е мал може да се реши брзо, а со задоцнетото јавување кај физиотерапевт лекувањето вклучува подолга физикална терапија како би се дошло до соодветно решение за проблематиката.

Можете ли да ни кажете за некои типови на болка, што навидум изгледаат безопасно, а би можеле да укажуваат на посериозни здравствени нарушувања?

Најчесто сè се случува со болка, разликата е во тоа колку болката ќе биде интензивна. Може да трае 3 до 4 дена, па да се стабилизира што не значи дека проблемот е решен, а може да трае со денови, недели и месеци.

Многу е важно пациентите да внимаваат во првите 3 до 4 дена кај настанатата болка и да се обратат до физиотерапевт или лекар од каде соодветно ќе се дадат правилни насоки за проблемот и стручно би се санирал.

fizioterapevtot-ilija-zhezhov-najmnogu-povredi-se-sluchuvaat-pri-skijanje-fudbal-i-vo-teretana-od-skolioza-ne-stradaat-samo-decata-tuku-i-vozrasnite-05.jpg

Во минатото се веруваше дека ишијасот е проблем со кој се соочуваат само повозрасните? Дали со ишијас може да се соочат помлади лица и постои ли можност тоа да се превенира?

Ишијасот е честа појава на болка како во минатото, така и сега.

Причините се многубројни, претерано седење, слаба физичка активност, или кревање тешко може да предизвика воспаление или проблем со најдолгиот нерв во нашето тело.

Исто така како причина на болка со ишијасот може да биде и невралгијата и дегенеративниот начин. Дегенерација е кога самите делови на пршлените и дискусите создаваат заболување

Ишијасот секако дека се третира и при ваква појава на болка треба луѓето да се обратат до физиотерапевт од каде би се дале стручните консултации по основа на лекување.

Лекувањето на ишијасот трае 10 до 21 ден рехабилитација со физикална терапија.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Нема бенефит од доењето, постои само ризик од недоење“: Наташа Ц. Тодосовска, специјалист за доење ... „Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка ...
Каменка од Богданци има пилатес студио во Лондон: „Тука лесно се отвора мал бизнис, потоа давачките ... „За време на факултетските години почнав да барам функционален начин на вежбање ...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Елена Поповска, сликарка: „Не сум фрлила платно, но знам да го преработам ако не ја гледам истата ем... „Сите мои досегашни слики сами се насликале и најчесто маратонски ги 'раѓам' пор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg