Сара од Скопје има живеено во ашрам во Германија: „Јога не е еластичност, јога е единство помеѓу телото, духот и умот“

Што значи некој да има гуру?

Зборот ГУРУ значи учител – во случајов зборуваме за духовен учител или водич. Тоа претставува Шри Шри Рави Шанкар за неговите следбеници во „The Art of Living“ центарот, или пак Sadhguru за неговите следбеници во „Isha Yoga“ центарот.

Да се има гуру може да значи многу, а и ништо, во зависност од тоа колку сакаш да следиш, да учиш и да го продлабочуваш знаењето. Исто како на училиште.

Не значи дека секоја филозофија треба да ја следиш и поддржуваш, туку, значи дека доволно е да земеш и користиш знаења споделени од страна на одреден духовен водич. Бидејќи, овие луѓе верувајте се полни со знаење и мудрост како бунар без дно.

Многу е интерсно да се доживее таква средба, да си дел од таква приказна и да си во кругот на таа приказна. Нивната енергија е различна, а да не напоменам дека се личности со многу добар хумор.

Па, така и на хумористичен начин маките во животот може да ти станат смешни. Но, пред сè да се стекнеш со насока и мудрост како да се справиш со истите.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-13.jpeg

Имаше ли Гуру во ашрамот?

Да, Шри Шри Рави Шанкар, основачот на оваа фондација, кој често патува од Индија во европскиот центар на фондацијата кој се наоѓа во Германија, пределот Баден Вуртенберг или најубавата планина на границата со Швајцарија, Шварцвалд.

Поводот се најчесто многубројните семинари и курсеви на кои земаат учество луѓе од цел свет: The art of Silence course, Happyness Program итн.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-11.jpg

Кои лекции ги научи?

Лекциите не се учат во период кога животот цвета. А кај мене тој период беше тогаш...

Лекциите ги научив подоцна, а моето стекнато знаење од јогата ми помогна да се справам, и уште се справувам, со работи кои неодамна ми се случија. Тогаш веќе наученото има смисла...

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-17.jpeg

Имаш ли желба искуството од ашрамот „The Art of Living“ да го пренесеш и во Македонија? Успеа ли во тоа?

Искуството или поточно франшизата од „The Art of Living“ во Македонија се пренесува повеќе од 15 години, а тоа е благодарение на Горан Поповски и Магдалена Маца Манева, брачен пар кој своето искуство несебично го споделува тука, со основање на фондацијата и креирање на семинари како и носење на учители од Индија.

„Програмата на среќа“, или основниот семинар постојано се одржува и е најчесто за време на викенди. Сега е олеснителна околност што истиот може да го следите и онлајн, да напоменам со сертифицирани учители.

Што се однесува на прашањето дали и моето искуство е пренесено тука, да, секако.

Фондацијата пред време на короната, имаше најубав центар за јога и медитација во центарот на градот, кој функционираше 3 години, и кој беше место кое нудеше секој ден термини за различни типови на јога, со различни сертифицирани учители, медитации, семинари, обуки, ајурведа, масажи итн...

За време на моите часови, кој беа комбинација од хата јога и медитација, го споделував моето искуство секогаш соодветно на часот и присутните.

Моментално паузирам втора година по ред, но наскоро ќе започнам повторно, додека пак центарот е затворен поради кризните години што ги предизвика короната.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-10.jpeg

Која обука досега имала најсилно влијание на тебе и зошто?

Јас сепак би ја издвоила првата средба со техниката на дишење. Тоа беше тридневен семинар наречен Програма на Среќата.

Многу близок пријател само ми спомна - оди на семинарот. Си реков ајде ќе одам, нема што да правам викендов – на 26 години, април месец. Пред скоро 10 години.

Семинарот навидум лесен: ај да се истегнеме малку јога; ај дишете вака – одморете сега; ајде малку медитација – легнете доле; ајде сега нова техника за дишење да научиме....

Но, техниката што се изучуваше за дишење и што е клучна поента на постоењето на вакви учења, беше вистинско будење на свеста за мене во тој период. Ми се променија многу работи во тој период од животот и започна комплетно ново поглавје во мојот живот. Еве благодариме на Сударшан Крија!

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-15.jpeg

Колку луѓето во трката по материјалното подзабораваат на духовното? И колку нè чини тоа?

Па, добро, сведоци сме на тоа,  и секогаш мислиме дека таа трка е наметната од општеството или брзиот начин на живот – според мене ова е клише одговор, затоа што секој сам си го креира темпото и начинот на живот.

Своите допаѓање за нешто, или недопаѓања, желба за правење на одредени работи или избори кои единствено ние ги донесуваме.

И секако, не е толку едноставно како кога се пишува или кажува, но изборите секогаш нè чинат здравје.

Ние луѓето сме интересни суштества што само кога ќе се почувстуваме „прегорени“ се сетуваме да се свртиме кон себе и да речеме „Е од денес јас како што сакам правам“. Но, последиците секогаш доаѓаат потоа и најчесто се рефлектрираат по здравјето.

sara-od-skopje-ima-zhiveeno-vo-ashram-vo-germanija-joga-ne-e-elastichnost-joga-e-edinstvo-pomegju-teloto-duhot-i-umot-03.jpg

Порака до сите што се колебаат дали да започнат со јога...

Почнете! Но, подгответе се и за работи кои нема да многу да ви се допаднат за себе.

Повеќе фотографии од Сара Сековска:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

 



Би можело да ве интересира:

Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg