Давор Арсовски: „Чувам був, Буба може да нанесе сериозни повреди и мора внимателно со неа“
Какво живеалиште има Буба? Какви услови се потребни за да се чува був?
Голема волиера и сталак, пред сè прво треба многу учење од искусен соколар, а потоа живеалиште, опрема и на крај да се купи птица.
Те повредил ли некогаш? Какви повреди се можни?
Досега не, се надевам дека и понатаму нема да се случи тоа.
Инаку, може да нанесе сериозни повреди, сепак тоа е најголема ноќна птица грабливка.
Прави ли нечистотии дома?
Нормално како и секоја птица, но не како што прави јастребот.
Ти избегал ли некогаш?
Досега не, се надевам дека и нема никогаш.
Како изгледа дресирањето на еден був?
Од страна изгледа лесно, пред сè треба многу време, знаење, трпение и љубов.
Како реагираа домашните на твојата одлука да чуваш був? Дали е приврзан и за некоја друга личност? Кој го чува кога одиш на одмор?
На почетокот не им се допадна искрено, но сега сите го сакаат.
Не е приврзан за никого, затоа што без мене никој не оди кај него, сепак тоа е птица грабливка и секој пристап кај него е важен.
Кога мора да сум отсутен, го чува мој пријател исто соколар.
Колку години живеат бувовите?
Во природа живеат околу 20 години, а во домашни услови околу 60 години.
Прави ли врева?
Не, воопшто не испушта звуци.
Колку е трошок на месечно ниво да се чува був?
Околу 100 евра.
Кој миленик би сакал да му прави друштво на Бубо Бубо во иднина?
Златен орел (Golden eagle).
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело