Наташа од Скопје е во брак со Кореец: „Го запознав онлајн, дојде до Македонија да ме види и ме чекаше 6 месеци да отидам таму“

Скап ли е животот таму?

Може да кажам дека Сеул е еден од најскапите градови во светот за живеење.

За Македонци е навистина скап. Првата година кога дојдов како студент морав да штедам навистина многу, но сега бидејќи работам и имам плата можам да си го дозволам животот тука.

Цената на кафето е од 120, па сè до 450 денари (во убаво декорирано кафуле обично ајс американо би било околу 350 денари, а најевтиното кафе во Старбакс е 200 денари).

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-22.jpg

Цените на месечната кирија почнуваат од околу 16.000 денари, па сè до 46.000 денари (и повеќе), а секако пред вселување се остава и депозит од 5.000, 10.000, 30.000 или повеќе долари.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-11.jpg

Какви навики на поле на кариера имаат Корејците?

Јас работам парт тајм од 9 до 14:30 во градинка. Предавам англиски, се грижам за деца, преведувам документи и правам сè што ќе ми зададе шефицата.

Корејците се зависни од работата и сметаат дека мора да се работи напорно. Тие го слушаат зборот на шефот и не си одат од работа додека шефот не каже дека е дозволено.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-09.jpg

Уште од училишните денови тие се спремаат и даваат сè од себе за да можат во иднина да се запишат на добар универзитет и да најдат добра работа.

Стандардот е висок затоа за сите е важно да земаат и висока плата.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-23.jpg

Го научи ли јазикот? Дали е тежок, колку време траеше процесот?

Јазикот го научив уште првата година. Тежок е бидејќи е многу поразличен од македонскиот и англискиот. Припаѓа во друга семејна категорија и составот на реченицата е различен, како и начинот на изразување.

Но, за човек како мене, кој има интерес за азиската култура, учењето на јазикот беше предизвик, кој ми претставуваше задоволство.

Првата година во Кореја посетував интензивен курс (секој ден по 4 часа корејски јазик) и така по 6 месеци учење, почнав да зборувам со луѓе и да се дружам со Корејци, кои не знаат англиски.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-15.jpg

Напредни ли се на поле на технологија? Некои нивни изуми со кои се среќаваш секојдневно…

Многу се напреднати на поле на технологија до степен нивниот живот да е олеснет.

На пример вратите од куќите немаат клуч. Сите (под сите сакам да кажам дури и стари врати, од стари куќи) се отвараат со бројче (лозинка).

Во јавни институции или при зачленување некаде, сè се одвива електронски, секој процес оди преку компјутер, во банки дури и кога се потпишуваме се потпишуваме на таблет а не на лист со пенкало.

natasha-od-skopje-e-vo-brak-so-koreec-go-zapoznav-onlajn-dojde-do-makedonija-da-me-vidi-i-me-chekashe-6-meseci-da-otidam-17.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Маја од Скопје на 41 година го победи ракот на дојка: „Пациентите кријат дека примаат терапии, кај н... „Сакав и одлучив да живеам и мислам дека таа свесна намера беше пресудна да се п...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg