Офелија Димковска е инспиративна дама – без книга не може да си го замисли денот, верува во грациозно стареење

Мораме да се враќаме назад кон некој изгубени вредности. Многумина од нас пријателството, сочувството и добронамерноста ги загубија некаде по пат.

Она што ќе го видиш возејќи велосипед низ град, никогаш нема да го видиш од автомобил. Но ете, нашите луѓе голем дел од времето го поминуваат во автомобил, лишени од воздух и доживување на улицата која кажува многу за животот. Можеби не ги интересира, што е исто така лошо, зашто зборува дека освен за себе за никој друг не се интересираат, а каков е тој живот ако се поминува на ист начин и во затворен простор. Никаков. 

Подобрување на квалитетот на живот е единствено решение за нас и за градот. Да заборавиме на површноста. Да ги довршуваме работите. Да планираме. Да си ја сакаме работата.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-33.jpg

Не да ги воспитуваме и образуваме децата за да заминат, туку за да се остварат и да имаат интереси и таленти. 

Најчесто патувам со моите деца. Сакам и сама да одам на некои места на кои одамна не сум била. Имам пријатели за среќа, кај кои ми е секогаш отворена вратата. 

Со децата и најмногу разговарам, како и со пријателките кои се многу помлади од мене и на кои се обидувам да им кажам како да не ги имитираат моите грешки.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-07.jpg

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-06.jpg

Разговараме со часови и мислам дека сите сме потоа ако ништо друго барем натерани на размислување.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-10.jpg

За машко-женските односи и тајната на бракот...

„Жената треба да сфати дека мажот поинаку размислува. Дека расправијата не е начин на разговор и дека барањата не се повторуваат повеќе од двапати. Ако нешто некој не сака да направи, нема да го направи и стопати да му биде повторено. Како што ако некој не го направи првиот пат, нема да го направи никогаш.

Рецепт за добар брак не постои. Можеби тоа е книга со рецепти, од кои некои се навистина за готвење убави јадења. 

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-19.jpg

Јас сум од оние генерации кои стапуваа во брак релативно млади и имаа многу непознати во врска со заедничкиот живот. Потоа се калевме низ животот на потешкиот начин и многу доцна сознававме дека „сè што лета не се јаде“ и дека не случајно сме ставиле потпис на хартија токму со тој човек со кој сме стапиле во брак. 

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-25.jpg

Бракот треба да биде весела работа, заедничка, план, договор, нови искуства, почитување на другиот, отстапки, патувања, но не мислам дека толеранцијата или компромисот помагаат. Времињата се променија, а со тоа и бракот. Но, мислам дека на сето заедно сериозна штета му нанесоа социјалните мрежи. Сè изгледа подостапно, па виртуелното го замени конкретното. 

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-03.jpg

Седат луѓе на маса и наместо да се гледаат во лице, гледаат во екрани. А тоа е мртва работа. Илузија. Нема ниту да не нахрани, ниту да не засака. 

Една голема шарена лага.“

Повеќе фотографии од Офелија Димковска:

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-32.jpg

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-27.jpg

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-26.jpg

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-22.jpg

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-04.jpg

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-02.jpg

Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна или познавате и вие некоја личност што сметате дека е инспиративна, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став Таа е самоуверена жена со јасно изградени ставови, кои без проблем ги изнесува п...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg