Офелија Димковска е инспиративна дама – без книга не може да си го замисли денот, верува во грациозно стареење

За нејзиното Скопје и минатите убави времиња...

Во Скопје, најдобро се живеееше во осумдесеттите и деведесеттите години. Имаше вистински ноќен живот и немаше социјални мрежи, две многу важни работи.

Луѓето беа многу поспонтани, со помалку фрустрации, со повеќе надеж, сакаа да измислуваат ново, да го подобруваат градскиот живот. Се почитуваа нештата кои беа напредни и визионерски, постоеја бифеа во театрите, гостувања, вистински културен живот, вистинска музичка сцена, „Леб и сол“ беа на врвот на славата, а истовремено ја немаше сегашната препотенција ако така може да се нарече ова однесување и поделби на кои многу влијаеше изумирањето на средната класа и создавањето на новобогаташите кои со себе донесоа новоправила. 

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-24.jpg

На пример, младите луѓе се фалат со тоа што не слушнале за работи за кои слушнал целиот свет, што никогаш ништо не прочитале, што учат англиски „гејмајќи“. И, се разбира, никој ова не сака да го слуша, зашто му изгледа депресивно и назадно.

Луѓето сега се научија на правење најлесни работи: воопшто не се популарни сиромаштијата, болеста, образованието. Најлесно е да се зборува за автомобили, најнов мобилен телефон, и сè друго најново вклучително и модата сфатена преку најнов модел брендирани патики.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-17.jpg

А облекување е многу повеќе од тоа. Иако облеката не го прави човекот таа зборува многу за него, а личноста не ја определува новиот модел патики, туку како ги носи и зошто. Купувањето треба да биде уживање, облеката треба да го одразува начинот на живот на оној што ја носи. 

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-15.jpg

Да, знам, дека ова се тешки муабети, но мислам дека одиме по „ивица“ од која многу лесно можеме да пропаднеме на дното, кое дефинитивно и конечно ќе не оддалечи од светот. 

Самобендисаноста не е добра. Не била добра дури ни кај Оскар Вајлд, кој на цариниците кои го прашувале што има да пријави им велел: „Ништо не носам освен мојата генијалност.“

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-14.jpg

Самобендисаноста нè прави невнимателни. 

Сакам да ги пронаоѓам убавите места во градот и во државата, убавите луѓе, луѓето кои сакаат да работат, кои иновираат, измислуваат нови професии без страв почнуваат свој бизнис, примаат сугестии, сакаат да разговараат и да го подобруваат она што го работат. Допирот со светот е тука многу важен.“

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-29.jpg

За тоа зошто обожава да патува Офелија вели...

„Не се патува само да се види некоја знаменитост или да се јаде некоја храна, се патува за да се сфати културата и животот на некој народ, да се доближи, да се украде идеја, да се добие идеја. 

Патувам од 18 години. Многу патував и живеев на различни места, пред сè поради професијата на мојот сопруг.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-21.jpg

Многу се селевме и така можев да го осознаам светот од една друга, многу поконкретна страна. Живееш со луѓе кои имаат други навики, друг ритам на живот, друга клима, други сфаќања, поинакво образование.

Тоа е добро, но и лошо, зашто во секој град оставаш дел од себе и забораваш по нешто. Никогаш на друго место не можеш да понесеш сè што си го живеел на претходното. Едноставно не го собира во ниту еден автомобил.

Во еден подрум на куќа каде што живееме скоро пет години ми останаа многу списанија. Откако се пакував десет дена, затоа што тој петгодишен живот на четворица луѓе треба да го спакуваш и да го понесе камион за селење, едноставно веќе немав сила да ги спакувам и списанијата.

Беа десетици, можеби стотици. Кога не работев како новинар, тоа го надоместував со читање други новинари. 

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-05.jpg

За навиките околу исхраната...

„Никогаш не внимавав, ниту сега внимавам на исхраната. Јадам малку, но не мерам ниту грами, ниту нарачувам цеден сок во кафетерија, ниту пак денот го почнувам со цеден сок.

Правилата на исхрана стопати се променија, како пример, пред десетина години никој не знаеше за курукумата, сега одеднаш стана најздрав зачин кој треба да се става во секое јадење.

Тоа ми е малку смешно, зашто корнфлексот кој некогаш беше прогласен за најздрава храна, сега е најнездрава храна. Пак како таква прогласена од нутриционисти.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-11.jpg

Никогаш не сум ги користела нивните услуги и мислам дека треба да се јаде со мерка и дека тоа е најдобро решение за нашата доста гојазна средина, која голем дел од животот го поминува во ресторани и кафеани.

Според мене треба повеќе да се готви дома, а помалку да се злоупотребува кафеанската храна. 

Да се пешачи, да се вози велосипед, ако веќе се тешки часовите поминати во теретани и фитнес клубови. 

Здравиот однос кон животот е вистинскиот рецепт за добро здравје. Приоѓањето со радост на нештата, трагањето по ново, истражувањето, патувањето не заради сликање, туку за уживање.

ofelija-dimkovska-e-inspirativna-dama-go-chitam-maliot-princ-odnovo-i-odnovo-a-leb-i-sol-mi-se-poim-za-muzika-12.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Инспиративна жена: Татјана Алексиќ е професорка „жедна за книги“, омажена за својата прва љубов „Успех е да останеш добар човек и кога не ти е баш добро, кога не ти се&nbs...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Инспиративна жена: Сузана е адвокат од Скопје, вљубеничка во трчањето и дама со став Таа е самоуверена жена со јасно изградени ставови, кои без проблем ги изнесува п...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg