Алма од Велес: „Имам домашен миленик полжав - Гери живее во аквариум и обожава да се гали“

Како му изгледа живеалиштето и како го одржуваш?

Моменталното живеалиште на Гари, сè уште не е средено според мој вкус бидејќи сум во потрага по поголем аквариум.

Има неколку работи моментално во аквариумот, а тоа се камчиња, неговата чинија која секогаш треба да е полна со вода и украсни пластични дрвца каде што тој знае да се скрие или качува.

За живеалиштето е потребно да нема предмети од коишто може да се повреди, не смее никако да се обложува со струготини, тие може да му нанесат повреди по телото. Исто така не смеат да се ставаат остри предмети.

Најдобро е да биде обложен со песок затоа што полжавите сакаат да се закопуваат во песок.

Аквариумот го одржувам со секојдневно чистење, гледам да не користам средства со штетни хемикалии, односно користам само сунѓер и вода, бидејќи полжавите се чисти така што нема потреба од какви било хемикалии при чистењето.

alma-od-veles-imam-domashen-milenik-polzhav-geri-go-chuvame-vo-akvarium-kjerka-mi-go-obozhava-04.jpg

Како реагираа луѓето на твојот миленик?

Моите пријатели, па дури и онлајн пријателите, односно оние на социјалните мрежи, реагираа позитивно на мојот миленик.

Не добив ниту еден негативен коментар. Коментарите беа од типот „Леле колку е убав, сакам и јас ваков, кажи нешто повеќе за него, може ли да го сликам“ итн.

Моите блиски пријатели доаѓаа специјално за да го запознаат во живо.

alma-od-veles-imam-domashen-milenik-polzhav-geri-go-chuvame-vo-akvarium-kjerka-mi-go-obozhava-14.jpg

Со што се храни, пие ли вода?

Се храни со зелена разновидна храна, односно со листови од марула, зелка, исто така јаде и морков и јаболко.

Неговата исхрана е сведена на овошје и зеленчук. Храната мора да биде свежа. Пред да му се даде храната, мора да биде убаво измиена.

Дали добро се исхранува, тоа може да се забележи по неговата школка/куќичка. За да им биде силна школката, потребно е да внесуваат доволно калциум.

Што се однесува до пиењето вода, секако, има свое чиниче кое мора секогаш да биде полно со вода.

alma-od-veles-imam-domashen-milenik-polzhav-geri-go-chuvame-vo-akvarium-kjerka-mi-go-obozhava-13.jpg

Со имала ли некој немил настан со Гери?

Јас лично сум немала немил настан до сега. Господинот што ми го подари Гери ми кажа дека тој имал еден мал немил настан, т.е дека Гери ја изгрицкал книгата на ќерка му, но мене такво нешто ми се нема случено.

alma-od-veles-imam-domashen-milenik-polzhav-geri-go-chuvame-vo-akvarium-kjerka-mi-go-obozhava-07.jpg

Дали сака да се гали? Кој член од семејството му посветува најмногу внимание?

Гери обожава да се гали, се опушта потполно и тогаш може вистински да се долови неговата големина и грациозност.

Најмногу внимание, покрај мене, му посветува ќерка ми. Обожава да си игра со него.

Тој, целосно опуштен, ужива да биде во центар на вниманието.

alma-od-veles-imam-domashen-milenik-polzhav-geri-go-chuvame-vo-akvarium-kjerka-mi-go-obozhava-02.jpg

Полжавот како домашен миленик ти се допаѓа затоа што…

Се работи за чисто животно, се работи за мирно суштество кое не може да направи никаков неред и кога останува сам дома. Знаеш дека безбедно е сè. Тивок е, лесен е за одгледување, а при тоа полн со љубов.

Препорака до другите што размислуваат дали да чуваат полжав?

Моја препорака од срце до сите, доколку сакаат мирен домашен миленик, тоа е дефинитивно полжав, во овој случај како мојот афрички албино полжав.

Сите ќе бидат фасцинирани од неговата убавина, грациозност и тоа колку сака да се гали. Сигурно не може баш да се замисли дека полжав сака да се гали, но тоа е вистина. Секој може да се увери во тоа.

alma-od-veles-imam-domashen-milenik-polzhav-geri-go-chuvame-vo-akvarium-kjerka-mi-go-obozhava-08.jpg

Познаваш ли некој друг што чува полжав?

Лично не сум запознаена, но сигурно има и други луѓе што ги одгледуваат овие прекрасни суштества. Се надевам во вистинска смисла на зборот и без злоупотреба.

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Марија од Велес живее во Хамбург: „Се преселивме со другарка, Германците постојано ми бараат ајвар“ „Неодамна гости ми побараа ајвар. За среќа имав. Па, сега има проблем кога ќе им...
Лепа од Скопје е „докторка“ за орхидеи: „Имам над 70 саксии, ги туширам редовно со млака вода“ Лепа К. Тагасовска од Скопје, по професија дипломиран економист по бизнис менаџм...
Панчо е страстен колекционер на патики: „Имам 136 пара“ „Со постариот син Андреја веќе сме ист број и тој ги носи моите патики и искрено...
Љубе (29) од Велес е мајстор за мебел од палети: „Сè започна како хоби, најбарани се гарнитурите за ... „Сè започна во 2018 година кога личната страст за изработка на мебел, од хоби пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg