Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана ракија“

Што те нервира најмногу тука?

Најмногу ме нервира дека има премногу бездомни кучиња, и опасно е заради тоа да ги пуштиш децата да отидат до продавница, но многу се надевам дека тој проблем ќе се среди.

И многу ме нервира кога е многу топло надвор, односно кога е над 35 степени во лето, е ужас за мене и во тие моменти ми недостасува мојата Русија.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-17.jpg

Го научи ли брзо јазикот? Тешко ли беше средувањето на документи?

Македонскиот јазик го научив речиси брзо, кога живеев во Москва идев на курс 2 месеци, а потоа кога доаѓав овде внимателно ги слушав другарите и родителите на мојот сопруг што зборуваат и цело време пробував да сфатам за што прават муабет, и за околу 1 година веќе зборував и разбирав.

За средување на документи, искрено, многу се мачев додека ги собирав сите, и додека чекав. Помина доста време и изгубив многу нерви.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-30.jpg

Колку често ја посетуваш Русија?

Русија ја посетувам задолжително еднаш годишно, инаку ме фаќа страшна носталгија. Кога идам во Москва пресреќна сум, а кога ќе помине некое време таму, ме фаќа носталгија за Македонија, чудна работа.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-10.jpg

Готвиш ли македонски јадења? Кое ти е омилено? Пиеш ли ракија?

Оооо да, јас обожавам да готвам, имам Инстаграм профил каде што постојано објавувам различни рецепти и слики од моето готвење и од самиот процес, тоа е нешто што никогаш не ме мрзи, јас можам да готвам буквално цел ден.

Од македонските јадења најомилено ми е ајвар и вртена пита со месо, им се восхитувам на Македонките кои знаат да месат, тоа е едно нешто кое многу сакам да го научам.

Ракија не пијам, ама греана блага ракија ми се допаѓа, има интересен вкус.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-35.jpg

Кои ти се омилени места од Македонија?

Во Македонија сум била скоро секаде, ама најголем впечаток ми оставија Вевчани и Кратово. Преубави места, во кои сакаш да се вратиш.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-08.jpg

Како те прифатија роднините/пријателите на саканиот? Како се разбиравте кога не го знаеше јазикот?

Фала Богу, сите добро ме прифатија, на почеток знам сум им била многу интересна, ме распрашуваа за се и цело време ме прашуваа: „Сè е добро? Ти се допаѓа сè?“. Сега веќе не ме прашуваат толку.

veronika-rusinka-mazhena-vo-skopje-ljubovta-me-donese-tuka-pred-14-godini-go-obozhavam-vevchani-ajvar-i-grejana-rakija-27.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg