Марјан од Битола, сноуборд-инструктор: „Најголема грешка е да не се носи кацига, мојот најмал ученик има 4 години“
Кои се најчестите грешки што ги прават почетниците во овој спорт?
Тоа што доаѓаат без заштитна опрема (кацига) или секогаш имаат некаков изговор околу неа. Сепак пред сè сигурноста е на прво место, па после бордањето.
Неколку најважни совети за почетниците што сакаат да се занимаваат со овој спорт?
Волја, истрајност, соодветна опрема, желба за напредок, и секако солиден инструктор.
Постои ли интерес за овој спорт кај децата и кај родителите во Македонија?
Интересот расте секој ден се повеќе и повеќе без оглед на возраста на луѓето кои сакаат да се занимаваат со овој спорт.
Дали освен со сноубординг се занимаваш и со некој друг зимски спорт?
Покрај мојата љубов за сноубордингот знам понекогаш да ја сменам сноубордерската опрема со скијачка.
Како вообичаено изгледа еден тренинг за сноуборд и каде се одвиваат тренинзите?
Тренинзите се одвиваат во неколку фази, најчесто во ски центарот Нижеполе (Битола) и сметам дека е најдобра стаза за почетници.
Дали во Македонија има добри ски патеки за почетници, но и за професионалци во сноубординг?
Имаме добри ски центри што би го задоволиле секој апетит, но треба сè уште да се работи на нивна инфраструктура и промоција со цел да се привлечат странски туристи и инвестиции во истите.
Патеките се добри за почетници, но, сепак за професионалците треба да се понуди нешто по адреналинско.
Според тебе, кој е најдобар ски-центар во регионот?
Со оглед на тоа што зимата сама по себе е бајковита, секој ски-центар си носи свое волшепство и си има свои убавини.
Неблагодарно би било доколку би избрал само еден, така да топло би ги препорачал сите на оние којшто се вљубеници во зимата и оние коишто се занимаваат со зимски спортови.
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело