Спасија Филипова – ликовен уметник: „Македонците сакаат авторски ликовни дела, но не може секој да си ги дозволи“

Кое е најскапото дело што си го продала?

„LOVE“ - дело на големо платно со димензии 100х150cm.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-09.jpg

Од каде црпиш инспирација за делата? Дали се поврзани со твои лични емоции?

Многу емоции. По природа сум комуникативна личност, но длабоките емоции ги искажувам токму на платно.

Буквално секоја слика крие емоции, и сметам дека тоа е суштината на моето изразување.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-10.jpg

Што ти е најтешко, а што најлесно да доловиш/нацрташ на уметничките дела?

Секое мое платно е насликано со многу ентузијазам и желба за реализација на она што го имам замислено, па досега не сум имала дел кој ми бил тежок за сликање.

Едноставно најтешко ми е да насликам нешто во коешто не се пронаоѓам јас и мојот стил на сликање. Најчесто таквите идеи за слики одбивам да ги работам бидејќи сакам она што јас го сликам да биде вистински од мене и мојата душа.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-11.jpg

Дали освен во Македонија, твоите ликовни дела биле изложувани во странство и каде?

За жал, сѐ уште не. Имав неколку планови за самостојна изложба во Њујорк и учество на изложба со едно дело во Берлин, кои требаше да бидат реализирани, но периодот со пандемијата го направи своето.

Се надевам во иднина на некоја слична реализација ако би имала можност.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-dozvoli-15.jpg

Како дојде до идеја и за авторски принтови на облека? Каква е процедурата за изработка?

Сѐ што сликам, без разлика дали е на платно или на облека, е рачна изработка и секогаш е уникат.

Идејата за сликање на облека ми дојде од едноставна причина - немав ново платно за сликање, а сакав да насликам нешто, и прво „платно“ кое ми беше на дофат беше мојата тексас јакна.

Излезе интересно, па се заинтересирав за бои кои не се уништуваат при перење на облеката, и почнав да сликам и на тексас јакни од кои неколку продадов и надвор од Македонија.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-12.jpg

Процедурата за сликање на облека е речиси иста како и на платно на рамка за слика, само боите се малку поразлични и нема многу простор за изразување. А, јас обожавам големи и просторни платна.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-13.jpg

Твоите слики речиси секогаш ја доловуваат емоцијата. Велиш дека „пекол“ е да гледаш како оној што го сакаш никогаш нема да избере да те сака - што е „рајот“ според тебе? Како го дефинираш?

Слободата и разбирањето. „Рајот“ е слободата. Разбирањето без зборови, тоа е „рајот“.

Без разлика дали се работи за емоции или акт, разбирањето на моменталната состојба во која се наоѓа човек е клучот за сите реакции од другата страна.

За мене зборовите не можат никогаш целосно да ги изразат чувствата, за тоа тука се очите кои секогаш ја издаваат душата и длабоките чувства кои се најважни од сѐ.

spasija-filipova-likoven-umetnik-makedoncite-sakaat-avtorski-likovni-dela-no-ne-mozhe-sekoj-da-si-gi-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Теа Трајковска за CRNOBELO.com: „Предизвик е да се живее само од музика кај нас“ „Од Златно славејче ги носам едни од најубавите детски спомени. Уште како м...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg