Ана Брзанова се избори со ракот: „На 18-тиот роденден и матурата носев перика и бев анорексична, но на 21 го живеам својот сон“

„На 17 години ми беше дијагностициран Хочкин лимфом, трет стадиум, но бидејќи лимфните жлезди ги има низ целото тело, операција освен за анализа немаше за нешто друго, па така целата надеж беше хемотерапијата. Јас ги имав сите можни негативни ефекти, а најмал проблем ми беше губењето на косата и носењето перика.“, искрено раскажува инспиративната Ана Брзанова (21) за CRNOBELO.com. Taa ja претставува Македонија на изборот за убавина Miss Earth.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-001.jpg

Ана Брзанова е девојка од Гевгелија која на само 17 години ја добила дијагнозата рак на лимфни жлезди, но храбро го издржала процесот на лекување и сега е 21-годишна убавица која е наша мисица. Горди сме што токму таа нè претставува пред светот.

Ана е мисица која учествувала на доста интернационални избори за убавина, а моментално ја претставува Македонија на светскиот натпревар Мис на Земјата (Miss Earth) кој наместо на Филипините, поради пандемијата се одржува онлајн, виртуелно.

Таа има 21 година и е стипендистка на Американски универзитет на Европа ФОН, студира финансиски менаџмент, а покрај тоа се занимава со моделство и манекенство, и учествува на интернационални избори за убавина. Доаѓа од Гевгелија, и како второ хоби ја истакнува кошарката, а скриена пасија и страст и е готвењето.

За најтешката битка во нејзиниот живот таа искрено проговори за CRNOBELO.com:

На колку години ја доби дијагнозата рак на лимфни жлезди? Како се справи со шокот?

Дијагнозата ја добив на 18-ти септември 2017, на мои 17 години. Иако беше огромен шок, како во првите моменти така и понатаму, јас бев онаа која ги тешев своите родители додека плачеа за битката што нè очекуваше.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-20.jpeg

Што направи прво? Како изгледаше процесот на планирање на лекувањето?

Првиот момент кога ја добив својата дијагноза, искрено си прозборев неколку реченици во себе, и си реков задоволна сум што сум преживеала досега, убав впечаток ќе оставам во општеството, доволно е и ова што го имам видено и направено. Меѓутоа тоа не беше крајот на мојот живот иако првата секунда изгледаше така.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-29.jpeg

По разговорите со лекарите дека нè очекува тешка битка, хемотерапија и зрачење, прво нешто што направив ја скратив својата коса до рамена, за да испробам нов стил на фризура пред целосно да ми падне косата.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-02.jpeg

Кој ти беше најголема поддршка и без кого не би го издржала целиот овој процес?

Моите родители, но и самата јас. Се борев за нив, се борев и за самата себе. Тие беа и останаа најголемата поддршка во најтешките и најубавите моменти, мислам дека посветата да не ме гледаат таква без коса, анорексична, плачејќи од болки, беше мотивот да се борам и издржам. И нормално се борев за секое ново утре, се борев за непроживеаните најубави години, се борев за сите убавини кои следат во животот.

Како реагираа пријателите кога им ја кажа дијагнозата? Како ѝ пристапија на ситуацијата?

Со еден збор чудно. Тогаш ги видов вистинските пријатели и сфатив кој сака да подаде рака во најтешкото. Нивната реакција беше нормално не веруваа, мислеа дека се шегувам, меѓутоа оние вистинските ги имаа солзите во очи уште првиот момент кога ја имав дијагнозата.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-10.jpeg

Што значи да се прима хемотерапија? Имаше ли негативни ефекти, како се справи со истите?

Морам ама морам да нагласам на почеток дека секој е различен организам и секој се справува на различен начин. За мене хемотерапијата беше пекол, за мене терапијата беше убиство. Да се прима хемотерапија, значи убивање на сите клетки, здрави и нездрави во своето тело, примањето беше преку инфузии, циклусно на секои две недели.

Првото примање на хемотерапијата беше врвот. Седната на столчето во дневна соба на Хематологија, полека почнува процесот, и подготовките, и ме известуваат дека постепено ќе примам еден лек од терапијата на кој еден од 200.000 луѓе може да биде алергичен, но нема потреба од паника бидејќи тоа е реткост. Но за жал јас бев таа, која беше алергична на најбитниот лек во хемотерапијата, за што сите бевме скептични за мојата битка.

Бев дијагностицирана со Хочкин лимфом, трет стадиум, но бидејќи лимфните жлезди ги има низ целото тело, операција освен за анализа немаше за нешто друго, па така целата надеж беше хемотерапијата. Јас ги имав сите можни негативни ефекти. Од прв ден до последен.

Повраќање секој ден, затоа ослабев многу и станав анорексична, огромни неиздржливи болки во коски, огромни болки низ уста хранопроводник и непце, што придонесе по секое примање на терапијата да не можам да јадам, ниту зборувам, притоа не можејќи да ја отворам устата, и сето тоа во континуитет неколку дена.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-002.jpg

Постојано со солзи од страшните болки, се мачев и јадев, а како дејство на терапијата, повраќав и постојано така во круг. Болките ги имаше буквално насекаде и беа тотално неиздржливи. Вистински пекол!

Најмал проблем ми беше губењето на косата, и носењето перика покрај сите овие негативни ефекти.

Претпоследната терапија беше пред мојот 18-ти роденден, така што за последната терапија бев полнолетна, и барав потпишување на согласност за да се откажам од примањето на последната терапија, бидејќи јас мислев дека ќе ме снема од терапијата, а не од канцерот. После свиканиот конзилиум од страна на лекарите, едногласно беше одлучено дека нема да примам повеќе хемотерапија, туку ќе се продолжи со радиотерапијата, односно зрачење.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-003.jpg

Зошто медицинските лица од хематологија се луѓе со срце планина?

Јас поради овие сите негативни ефекти и алергијата, бев принудена да ја примам хемотерапијата на стерилното одделение каде што бев изолирана од сите, и имав контакт само со медицинскиот персонал. Моите родители ги гледав едвај ако имав сила да станам до прозорецот, и да им мавнам со рачето.

Во тие моменти, медицинските лица кои беа на тоа одделение и имаа единствен контакт со мене, беа моите родители, грижејќи се за мене, а како најмлад пациент на одделението ја добивав секоја поддршка и помош ментално и физички во секој момент. Навистина имаат срце планина, бидејќи само таквите лица можат да имаат емпатија, поддршка, љубов и помош за илјадници пациенти.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-08.jpeg

Како помина со зрачењето? Тежок ли е овој дел од лекувањето?

За мене не беше тежок дел после сè што поминав со хемотерапијата. После тие огромни болки за кои нема зборови кои може да ги опишат, за мене зрачењето беше многу едноставно.

Имав главоболки од тој процес, но искрено не ја регистрирав таа болка знаејќи низ какви поминав претходно.

ana-brzanova-se-izbori-so-rakot-na-18-tiot-rodenden-i-maturata-nosev-perika-i-bev-anorkesichna-no-na-21-go-zhiveam-svojot-son-16.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg