Тијана Мишевска работи за National Geographic во Дубаи: „Тука секогаш си гостин, а никогаш државјанин“

Во Дубаи месечна кирија е од 1.000 до 2.000 евра, таму секогаш си со статус резидент, односно гостин, а никогаш државјанин, открива Тијана Мишевска од Охрид која живее и работи во Обединетите Арапски Емирати.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-001.jpg

Тијана Мишевска (30) по потекло e од Охрид и вели дека тоа е најубавото место во Македонија.

Во моментов работи како менаџер и советник за англиски јазик при National Geographic Learning во Дубаи, а во интервју за CRNOBELO.com открива како е да се работи за компанија што е дел од огромната невладина организација National Geographic, но и за тамошниот живот.

Таа живее во Дубаи, но е задолжена за работа на териториите на Кувајт и Катар, па така често оди на деловни патувања таму.

Тијана образованието го завршила Интернационален бизнис и англиски јазик, и е особено среќна и задоволна што може да работи на место каде што го користи знаењето стекнато во рамки на студиите.

„Две години студирав англиски јазик, а две години бизнис и економија. Доста интересна насока која беше необична тогаш, па така некако ми привлече внимание и интерес“.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-02.JPG

Во интервју за CRNOBELO.com Тијана раскажува за нејзината професија, но и за секојдневието во Дубаи...

Што е National Geographic Learning? Дали има некаква поврзаност со непрофитната National Geographic и каква? Која е целта на програмата во која работиш?

National Geographic Learning, или NGLприпаѓа на една од најголемите американски образовни институции, скоро преименувана во Cengage Group, базирана во Бостон, којашто има 4 брендови - меѓу кои Cengage Higher Education - коишто се задолжени за материјали и книги за високо образование.

Тука припаѓаат NGL/Cengage кои се фокусирани на издавање и продажба на материјали и книги за основно и средно образование (од градинка па до средно), додека другиот оддел (каде јас работам) е наречен NGL ELT (English Language Teaching) и негова специфика се книги и материјали исклучиво за англиски јазик, наменети за колеџи и факултети.

NGL/ELT се тесно поврзани со National Geographic, или Nat Geo, (со добро познатиот телевизискиот канал, списанијата, фотографиите) бидејќи во сите книги се користат Nat Geo фотографии и теми од познати Nat Geo истражувачи (понекогаш тие самите се гости на нашите конференции и обуки).

Секоја страна во книгите е богата со разновидна и мултикултурна содржина, со луѓе од секојдневниот живот и нивни случки, прашања и теми кои будат доста голем интерес кај студентите и еден голем мотив за изучување на aнглискиот јазик на доста необичен, специфичен и модерен начин.

Одредени материјали ги содржат и познатите Ted Talks (со кој NGL исто така има соработка) каде луѓето зборуваат за нивни животни искуства и притоа се става важност на еден глобален англиски јазик, каде нема предрасуди за тоа каков акцент се користи кога се зборува. Впрочем, тоа е и мотото - англискиот јазик е глобален јазик.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-03.JPG

Што значи да се биде советник за изучување англиски јазик? Со кого работиш?

Да се биде советник во оваа индустрија значи да имаш голема страст кон англискиот јазик, да сакаш да го користиш во секојдневието, да го зборуваш и да имаш академска основа за истиот.

Потребно е големо знаење за стандардите на CEFR (Common European Framework of Reference) за јазици и сите нивоа по кои се води еден студент/изучувач на англиски јазик.

Исто така, потребно е да се познаваат институциите, нивниот курикулум/програма, нивото на англиски јазик на нивните студенти, нивните квалитети и вештините кои им се потребни (читање, пишување, слушање, зборување).

Притоа, секоја институција има свои образовни цели за во иднина и за тоа како ќе ја креираат програмата, па затоа е многу важно и каква селекција ќе направат во однос на нивните материјали и додатни компоненти, што ќе изберат како патоказ за нивните студенти во една тековна академска година.

Денес многу се важни дигиталните материјали и платформи, па постои голема конкуренција за она што се нуди на пазарот во врска со тоа.

Моите клиенти се професорите и координаторите во универзитетите и школите и најчесто тоа се луѓето кои ги донесуваат одлуките во врска со нивната наставна програма.

Соработувам често и со студенти, меѓутоа не директно. Најчесто одговараме на нивните потреби за да го избереме најдоброто за нив.

Мојот типичен работен ден се состои од многу мултитаскинг – соработка со професори, обука на наставници, изработка на презентации за материјалите на NGL, обработка на податоци и истражување на пазарот.

Најчесто имам состаноци кога одам во Катар и Кувајт бидејќи јас работам со школи и универзитети таму (во моментов работиме од дома, па сите состаноци ми се преку Zoom).

Се надевам дека скоро ќе започнеме со патување и состаноци во живо бидејќи е голем предизвик да се долови енергијата со разговор преку камера, поготово во текот на обучување на професори/наставници.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-10.jpg

Како стигна до работата во National Geographic Learning? 

Јас сум во оваа индустрија веќе 5 години. Претходно работев за Cambridge University Press (CUP). Издавачката/образовна индустрија е доста помала во споредба со хотелската индустрија каде започнав со работа на почетокот кога дојдов во Дубаи.

Додека работев во CUP, бев и во оддел на школско образование (кое ги опфаќа сите предмети – од основно до средно), па полека во истата компанија се пренасочив само кон одделот за англиски јазик. Тоа искуство го понесов со себе.

Пред две години бев контактирана од Cengage Learning (денес Cengage Group) и бев пресреќна за позицијата при што имав интервју со генералниот менаџер на NGL и мојот сегашен менаџер.

Имаш ли колеги од Македонија или Балканот? Каква е работната атмосфера таму?

Најчесто колегите ми се Американци и Англичани, а помалку колеги од овој дел на светот (Јордан, Либан). Македонец не сум сретнала во мојата индустрија во Дубаи, меѓутоа доста интересно - има многу Срби кои работат како професори во универзитети во Кувајт.

Искрено ја обожавам работата бидејќи компанијата се заснова на етика, меѓусебна почит меѓу колегите каде нема љубомора и завист (сите имаме една заедничка цел и работиме како тим), организациска култура, професионалност и искреност.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-04.JPG

По потекло си од Охрид, но во последните шест години живееш и работиш во Дубаи. Беше ли тешка одлуката за преселување?

Кога одлучив да се преселам тоа беше шокантно за моите пријатели, а особено за моето семејство.

Најмногу поради одлуката за преселба на Блискиот Исток, место кое има различен менталитет од нашиот, друга култура, храна и, пред сè, поради далечината (иако јас сметам дека не е многу далеку, само 5 часа директен лет од Скопје).

Тогаш беа поминати само 3 месеци откако дипломирав и желна бев да го откријам овој дел од светот бидејќи слушав и читав интересни работи, но и многу бизарни и страшни искуства.

Искрено, јас не сум тип кој верува на сè бидејќи секој човек има различно искуство во животот и не ја базирав мојата одлука на туѓите искуства. Тогаш одлучив дека ќе се обидам.

Со оглед на тоа дека дотогаш бев студент и животот ми се состоеше од многу забава, патувања и спиење до доцна, моите ми дадоа рок дека ќе се вратам за 6 месеци. Шест години подоцна и, еве сум, сè уште во Дубаи.

tijana-mishevska-raboti-za-national-geographic-vo-dubai-tuka-sekogash-si-gostin-a-nikogash-drzhavjanin-05.jpg

За животот во Дубаи прочитајте на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg