Бодан Ѓорговски, колекционер на играчки: „Имам соба специјално за моите акциони херои“

Од кои сè франшизи имаш фигури?

Имам по нешто од сите поважни франшизи, највеќе од Star Wars на кој сум и најголем фан. Но, тука се и Space Jam, Jurassic Park, Neca Horror, DC, TMNT, Terminator.

Единствено немам од Марвел за кој немам поврзаност како дете. Колекционерството ми буди сеќавање од детството, а бидејќи Марвел беа далеку од популарни во моето детство, па затоа немам некоја поврзаност со нив на тој начин.

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-04.jpg

Како реагираат домашните, а како пријателите на ова твое хоби?

Не мислам дека се нешто изненадени или зачудени бидејќи тие што ме знаат,знаат дека од мали нозе сум имал и сум играл само со суперхерои. Е сега дали парите може да бидат искористени на друг начин, верувам дека би нашле они друг начин.

Но, искрено хоби и мерак за одредена работа е нешто што би сакал секој да го има. Во бурниот живот да си најдеш свое опуштање кое ќе можеш да го пренесеш и на децата е бесценето за мене.

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-10.jpg

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-11.jpg

Колку чини ваквото хоби?

За македонски услови е нормално скапо хоби, но кај нас сè што е надвор од основните трошоци е скапо. Треба да се има добар план кој ќе се следи од месец за месец, не треба да се форсира и претерува, но исто така е хоби кое не може секој да го има на ова ниво особено ако имаш фамилија, деца.

Јас ја имам таа среќа да имам можност и услови да го имам ова хоби и навистина сум благодарен и среќен.

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-12.jpg

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-13.jpg

Кои се предизвиците да си колекционер во Македонија?

Освен финансиските, исто така е може и најголем проблем слабиот избор на фигури. Да колекционирам Фанко фигури би ми било супер, тоа имаме на претек, сè останато е доста на ниско ниво, но и тоа што ќе се донесе е доста поскапо од пример Ebay каде обично препродаваат и таканаречените скалпери кои се луѓе што ги празнат полиците од американските продавници и потоа ги препродаваат на Ebay фигурите за заработка.

Сум наишол на неколку такви комични ситуации каде фигура купена од американска продавница, со транспорт, царина, достава е поевтина од истата фигура купена во наша продавница. Доста нелогично, па затоа претежно купувам од странски сајтови, Ebay, од Србија од Грција итн.

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-14.jpg

bodan-gjorgovski-kolekcioner-na-igrachki-imam-soba-specijalno-za-moite-akcioni-heroi-09.jpg

Ако и вие сте колекционер и сакате да ја споделите вашата колекција и приказна со нашите читатели, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Барбара Поповиќ за CRNOBELО: „Имам италијански корени, ќе пеам на Сан Ремо“ „Од македонските музичари најблиска сум со Иван Јованов од Либеро бенд. Тој ми е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg