Уникатна љубовна приказна: „Таа е од Штип, тој од Тенерифе, се запознале во Германија, а ја запросил во Франција“
Какви се Шпанците во поглед на љубовните врски и бракот?
Искрена да бидам, навистина сум изненадена. Романтичен е, скоро секој ден ми прави појадок или ручек. Кога доаѓа од работа ми носи цвеќиња, цело време е позитивен и никогаш нема негативна енергија.
По цел ден танцува и пее, дури и додека готви. На почетокот ми беше чудно колку се внимателни и колку внимание им обрнуваат на жените. Тука имаме пријатели од Шпанија и можам да кажам дека сите се такви.
Како се справувате со разликите во традициите и како функционирате за време на празниците?
Празниците малку ни се разликуваат во датумите, но ние ги славиме и двата датуми кога станува збор за големи празници како Божиќ и Велигден.
И двајцата имаме различни традиции и обичаи. Обожаваме да ги славиме обете. Омилен ми е Божиќ. Кај нив е пред Нова Година. Се будам и елката е полна со подароци, владее божиќна атмосфера и се прават специјални јадења.
Андони го обожава мојот Божиќ. Веќе втора година по ред го минавме заедно. Најмногу му се допаѓа нашата баница, која специјално се прави за Бадник. Интересно му е кршењето на лепчето за да видиме кај кого е паричката.
Патувате ли многу?
Авантуристи сме и двајцата, патуваме доста, сакаме да пробуваме различни специјалитети и истражуваме нови места. Моментално поради ситуацијата тоа го правиме само низ Германија.
Инаку, оваа година прво сакаме да ја посетиме Македонија, каде што Андони ќе може да ужива во убавините на нашата земја и да ја запознае и културата.
Се надеваме дека летото ќе го поминеме на Тенерифе во домот на Андони уживајќи на прекрасните песочни плажи.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело