Наталина Синдилиева, инструктор по танц на шипка: „И мажи доаѓаат на часови, баба ми уште има проблем да го прифати овој спорт“

Колку е тешко целата своја тежина да ја држиш на раце?

Сите можеме да си ја издржиме сопствената тежина на раце. На почеток е доста предизвикувачки, но по одреден период вежбање тоа не е ни прашање дали ќе издржат рацете или не. Нема ограничување со килажата, ниту пак силата, сѐ тоа се вежба и учи на час. 

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-09.jpg

Имаш ли настапи на јавни места? Колку луѓето се заинтересирани да ги гледаат ваквите перформанси?

Настапував во склоп на конвенција за тетовирање која се одвиваше во салата Борис Трајковски. Имав одличен фидбек и од организаторите и од публиката, што ми даде мотив за настапување на други слични настани.

Стапив во контакт со повеќе менаџери кои беа заинтересирани за мои перформанси, но за жал не се оствари ништо од планираното заради ситуацијата со корона вирусот. Да гледаме оптимистички за иднината, во која ќе имам можност за настапување на повеќе настани. 

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-ovoj-sport-02.jpeg

Колку често сакаш да изведуваш акробации на отворено?

Често се случува да ја земам шипката и да ја однесам на некои места што на мене ми личат интересни и да се сликам.

Пред 2 години ја поставивме шипката во парк и сите можеа да видат што значи танц на шипка. Планирам повторно да ја поставам шипката во парк на отворено и со сите прописи за корона да си направиме некој тип на дружба.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-04.jpg

Колку танцувањето на шипка влијае на подобрувањето на самодовербата кај девојките и момците?

Дефинитивно многу. Прво и најбитно е тоа што се прифаќаш онаков како што си, односно не е повеќе битно како изгледаш (целулит, стомак, раце) туку она што го правиш.

Почнуваш да се фасцинираш од себеси, бидејќи сето тоа пред кратко време било невозможно за разбирање и толку е видлив напредокот што изгледот на телото повеќе не е битен.

Потоа и влијанието на самодовербата исто така, има многу девојки/момчиња кои што се потиснуваат да бидат вистинските тие во ова општество. На часовите по танц на шипка секој си е свој.

Воопшто никој не го интересира за другиот дали е дебел слаб, убав, силен... Најбитно е тоа што се прави на часот и како се прави. Можам да кажам дека часовите ни се исполнети со многу среќа и поддршка едни на други.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-02.JPG

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-ovoj-sport-01.jpeg

Која е најтешката работа што можеш да ја изведеш?

Уфф на ова не знам како да одговорам. Веќе почнав да се изненадувам што сѐ можам да направам. Може да издвојам едно движење од пред некој ден што успеав сама да го направам на шипка и се вика russian split - шпага на шипка, но само со едното стапало на шипка, а другото во воздух.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-08_copy.jpg

Дали некои девојки/момци мислат дека е претешко за нив и по кратко време се откажуваат од тренинзите?

Вистината е дека танцот на шипка е доста тежок и предизвикувачки на почетокот. Но, дефинитивно има доста упорни девојки и момци кои и покрај тешкотиите остануваат и вежбаат.

Првиот момент на шипка не е колку сте силни туку колку кожата е спремна , односно телото и кожата не се навикнати на такви држења на шипката, па има многу модрици и благи триења.

natalina-sindilieva-instruktor-po-tanc-na-shipka-i-mazhi-doagjaat-na-chasovi-baba-mi-ushte-ima-problem-da-go-prifati-tancuvanjeto-na-shipka-06.jpg

Постојат ли натпревари во танц на шипка кај нас и на светско ниво? Имаш ли учествувано?

Натпревари има веќе подолги години, како и натпревари на европско и светско ниво, дури се надеваме дека танц на шипка ќе биде и олимписки спорт.

Кај нас за жал нема бидејќи не ни е дозволено ни да основаме федерација. Јас немам учествувано досега на натпревари по шипка и искрено не ми е предизвик, но многу би сакала некои од учениците да успеат да се спремат до ниво за натпревар и да учествуваат на некој од нив, а јас секако да бидам дел од натпреварувачкиот тим како тренер.

https://www.instagram.com/p/CMkxdGfHSjH/

https://www.instagram.com/p/CMWsgjTHymr/

https://www.instagram.com/p/CLGzJYvHWlc/

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело / фото: Милица Лазаревска



Би можело да ве интересира:

Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Благица Зикова, мајката на штипската четворка: „Трошиме по 25 пелени на ден, бебињата се мирни и спи... „Најтешко ми беше кога бев сама и немаше кој да ми помогне, па морав да ги храна...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg