Интервју со Кристина Неделковска (27), фитнес тренер и една од најзгодните Македонки со облини
Помали и почести оброци или три пообемни? Кога треба да биде последниот оброк во денот?
Подобро е кога оброците се помали и почести. Тие никогаш не треба да се обилни, да се прејадувате. Јадете умерено „до ситост“ и на временско растојание од 3 часа. Последниот оброк од денот нека биде 2 часа пред легнување.
Колку килограми има Кристина? Дали некогаш си се борела со вишок килограми во животот?
Моментално имам 76 килограми и сум задоволна со оваа форма. Висока сум 183cm и оваа килажа ми прилега. Сум била и 80 кога се спремав за натпревар, со поголем процент на мускул во телото, но таа форма не може да се одржува на долги стази.
Вишок килограми сум имала, како што кажав и погоре во студентските денови, стигнав и до 87, но со тренинг и исхрана за една година ги намалив и му дадов на телото правилна форма.
Какво е твоето мислење за фитнес сцената во нашата земја? Колку навистина Македонците внимаваат на своето тело?
Фитнес сцената во Македонија е на едно ниво под секој просек. Македонците во глобала не водат грижа за своето тело. Можам одговорно да кажам и дека мажите, за разлика од жените повеќе вежбаат и внимаваат на исхраната, што мене како жена ме разочарува.
Мораме да ја разбудиме свеста дека треба да се грижиме за сопственото тело, физичкиот изглед и здравјето. Од ова зависи квалитетот на нашиот живот.
Ме охрабрува фактот што сè повеќе и повеќе млади деца, тинејџери доаѓаат во нашиот клуб, што им овозможува правилен раст и развој на истите и едукација за правилна и здрава исхрана што води кон генерација на здрава младина.
Совет за сите оние кои сакаат да започнат со вежбање...
Ако сакате промена во својот начин на живот и сакате да почнете со вежбање, направете го тоа постепено, менувајќи ги своите дневни навики една по една.
Секој ден е нов предизвик и да погрешите, утре имате нова шанса. Исто вака ги мотивирам и моите клиенти, со многу разговор, совети и со тоа што секојдневно и јас се трудам да бидам добар пример за нив.
И за крај, веројатно прашање кое би ги интересирало припадниците на машкиот пол, дали е Кристина вљубена?
Да, вљубена во идеалниот човек, кој воедно е и мој тренинг партнер, колега и најверен пријател.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело