Вангел Тркаљанов: „Една незгода ме остави неподвижен, но не се откажувам од скијање и велосипедизам“

Колку девојките гледаат поинаку на момците со попреченост?

Претпоставувам дека и јас сум бил со предрасуди за лицата со попреченост, иако претходно не сум имал можност да запознаам некој со попреченост, па тоа ми беше најголемиот страв по повредата, дека ќе ги изгубам пријателствата и интересот кај девојките, што во одредена мера се покажа како точно, но имав среќа да ги задржам драгите пријатели кои никогаш не ме напуштија и да разбудам интерес кај девојки кои ги интересира и нешто повеќе од физичкиот изглед.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-06.jpg

Каква опрема за спортување имаш? Дали е тешко да се набави?

Моментално располагам со опрема за скијање, велосипедизам, падобранство, пливање, а во план за оваа година ми беше и набавка на опрема за скијање на вода, но најверојатно ќе се одложи за следната година. Во домашни услови користам комбинирани справи за кревање тегови и Total Gym.

Опремата за спортови кои се за мене интересни ја нема во државата и ја набавувам од странство, но најтешко е обезбедувањето на финансиски средства за набавка на истата, бидејќи секое парче опрема чини по неколку илјади евра.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-10.jpg

Колку во Македонија локалите се прилагодени за лица со попреченост?

Најчесто внимание се посветува само на пристап до самиот објект, кој често отсуствува, но многу поважен е просторот кој треба да соодветствува со потребите за движење и функционирање во внатрешноста на објектот, за што речиси воопшто не се помислува.

Тоа секако не треба да биде изговор за седењето дома, туку присуството на лицата со попреченост да ги мотивира сопствениците на локалите повеќе да се грижат за уредувањето и прилагодувањето на локалите за користење од страна на овие лица.

vangel-trkaljanov-edna-nezgoda-me-ostavi-nepodvizhen-no-ne-se-otkazhuvam-od-skijanje-i-velosipedizam-10.png

На што си најгорд во животот?

Горд сум на тоа што моите искуства ги пренесувам на други луѓе и ги мотивирам да започнат активен живот, исполнет со предизвици, спорт и забава, во замена на меланхолијата и самосожалувањето затворени во нивните домови.

Наредна цел ти е...

Организирање на падобранско првенство за лица со попреченост во Македонија. Веќе 2 години сме во преговори со Француската федерација за падобранство, но, како по обичај, проблем се финансиските средства.

Фотки од авантурите на Вангел:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симона Николова (31) живее со ретка болест од дете: „Ретко излегувам од дома, но не се откажувам од ... „Тешко е да се живее со оваа болест, многу тешко, ужасно.Ретко излегувам затоа ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg