Офелија Ѓорѓиеска посетила повеќе од 30 земји: „Со ќерката патуваме од 5 месеци, Сиднеј е најубав град, а на Малдивите е рајот“
Раскажи ни некоја не баш пријатна случка на патување со Лора?
Имало неколку непријатни случки со Лора, но ќе ја издвојам оваа како поучна. При нашата посета на Западна Америка, во еден убав сончев ден на улицата Walk of Fame во Лос Анџелес, Лора, која тогаш беше бебе од 6 месеци и со ексклузивно доење, најмалку 4-5 пати ги “наполни” пелените и ги извалка скоро сите резервни алишта, само последното боди остана чисто.
За среќа, во близина пронајдовме продавница во која што се продаваа пелени. Велам за среќа бидејќи во Америка е многу тешко да се најде мала продавница. Алишта бевме приморани да купиме од првиот Giftshop. Случката беше при крајот на денот па одма после тоа заминавме во хотелот кај што бевме сместени.
Како се справувате кога плаче во авион? Дали ви е непријатно од останатите патници ако плаче подолго време?
Претежно бараме ноќни летови, меѓутоа Лора е премногу темпераментна и во нејзините 19 месеци едвај ги врзува 4-5 саати спиење ноќно време, верувале или не, спремна е да си игра наредните 7-8 саати без престан.
Се обидуваме да ја занимаваме во авионот, тогаш кога плаче бараме решение како да ја смириме, но знаете, тоа е единствен начин бебето да изрази неудобност бидејќи не знае да зборува.
Сум слушала бебе да плаче 9 часа од Виена до Торонто поради неподносливи гасови, но тоа е тоа, се помирив со фактот дека и моето дете некогаш не се чувствува удобно без разлика дали сме дома или надвор.
Мајчинската болка кога го гледаш детето како плаче не ми дозволува да размислувам за другите, знам, себично е, но таква е природата на нештата.
Ние возрасните можеме да ставиме слушалки на ушите и да уживаме во некој од филмовите кои ги нуди авио компанијата. За среќа, сме немале многу такви ситуации.
Џет – лег и промена на часовни зони – како се соочувате со овие промени со дете? Како го регулирате спиењето?
Часовните зони се едни од најтешките работи како за возрасните така и за децата, меѓутоа правиме сѐ првите 2 дена детето да заспие покасно за да почне процесот на прилагодување, па намалуваме на саатите, и за 2-3 дена успеваме да се прилагодиме. Навистина е тешко.
Практични совети за родители кои сакаат да патуваат со деца?
Не ги прашувајте пријателите, родителите, сестри, браќа дали да одите на патување. Секое дете е различно, а вие најдобро си го познавате своето и неговите потреби. Различни искуства - различни размислувања и совети.
Наскоро ќе имате можност да видите како е патување со две деца помали од 2 години – како се подготвувате?
Прво патување на Доротеа ќе и биде од Торонто до Македонија на нејзините 2 месеци. А следно нејзино патување ќе и биде Милано на крајот на мај. Да бидам искрена подготвувањето е отежнато, но сега за сега имам помош од родителите на мојот сопруг па се надевам дека лесно ќе се вратиме во Македонија.
https://www.instagram.com/p/B19IcXUHnZN/?utm_source=ig_web_copy_link
Кои се вашите планови и следни дестинации?
Нашите следни дестинации во 2020 се Милано, Будимпешта, Грција, Њујорк и една од највозбудливите дестинации кон крајот на годината ќе бидат Туркс и Кајкос и Куба.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. П. | Црнобело