Патешествието на Драгана и Павел со кучето од Куманово до Шведска: Домашните миленичиња не се играчки кои се заменуваат

Драгана Стефановска и Павел Личагин се љубовен пар, кои се имаат запознаено во Санкт Петербург за време на студентскиот престој на Драгана во Русија. По години и години врска, лани подолг период престојувале во Куманово, во домот на Драгана каде во месец април го вдомиле кучето Мајло.

dragana-i-pavel-domasnite-milenicinja-ne-se-igracki-koi-mozat-da-se-frlat-i-da-se-kupat-novi-01.jpg

Татко ѝ на Драгана чувал коза, кокошки, зајци, гулаби, канаринци, риби, имале и едно куче кое се викало Џесика, но било отруено. И кај Павел, кој е роден и пораснат во Санкт Петербург секогаш имало кучиња и мачиња.

Во моментот, неговиот татко чува шест бездомни кучиња, им помага, ги лечи и се грижи за нив.

„Во тоа време јас работев во градежна фирма и паралелно се бавев со граѓански активизам“, раскажува Драгана Стефановска.

„На фејсбук постојано гледав постови за кучиња и мачки кои бараат дом. Тогаш поминував низ тежок период од мојот живот и одеднаш добив желба да вдомиме куче. Павел се согласи. После некое време видов пост на групата Анима мунди за едно улично куче во Скопје каде едно девојче бараше некој кој може да го вдоми. Тоа беше Мајло. Се јавив на телефон и наредниот ден отидовме во Скопје и го вдомивме. Од тој ден Мајло е дел од нашето семејство“.

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 1

Некое девојче по име Симона го спасила Мајло од улица и две недели се грижела за него. Мајло, кој не е расно куче ги имал примено сите потребни вакцини и поради тоа е многу полесно да се грижиш за него.

Кога го вдомиле, кутрето имало четири месеци и на самиот почеток не сфаќало дека Мајло е неговото име, но после некое време го прифатил тој идентитет.

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 10

„Мајло живееше со нас околу пет месеци пред да заминеме во Шведска поради моите постдипломски студии“, додава Драгана, која заедно со Павел го прошетале нивното домашно милениче речиси насекаде низ Македонија.

„Потоа половина година живееше во нашата семејна куќа во Куманово и уште половина година во мал пансион. Да, ни беше тешко да се разделиме од него. Мајло стана дел од нашето семејство, но ние знаевме дека еден ден пак сите ќе бидеме заедно“.  

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 9

Драгана и Павел велат дека домашните миленичиња не се играчки кои можат да се фрлат и да се купат нови. Тие не можеле да разберат како е можно некој да го напушти животното со кое толку многу се имаат поврзано, па затоа и не побарале ново куче во Шведска, туку се одлучиле да го земат со себе.

„Процедурата беше едноставна. Се вади пасош за домашното милениче, електронски чип, вакцина против беснило и на крај меѓународен сертификат од ветеринарен инспектор кој потврдува дека животното е здраво и може да патува“.

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 6

Драгана пред неколку недели се вратила во Македонија за да го земе Мајло со себе во Гетеборг. Нивното заедничко патешествие започнало од Куманово, со такси се префрлиле до Скопје, каде имале организиран превоз до Солун од каде требале да летаат со авион.

Неколку дена пред патувањето купила транспортер за Мајло, кој живеел во транспортерот два дена со цел да се навикне на него. По пристигнувањето на аеродромот, Мајло бил вознемирен зошто не сфаќал што се случува.

Тоа бил неговиот прв лет. Поради неговата тежина не можел да патува во кабината на авионот со другите патници, туку морал да биде сместен во делот за багаж.

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 4

После тричасовен лет слетале во Стокхолм. На аеродромот на царина немало никаков проблем. Поради тоа што пристигнале по полноќ, преспале во стан на една пријателка и утрото се качиле во возот за Гетеборг.

Патувањето требало да трае три часа, но поради проблеми на патот патувале цели девет часа. На крај, после триесетчасовно патешествие Мајло пристигнал во неговиот нов дом.

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 3

„Живееме во време со многу стрес, а домашните миленичиња помагаат луѓето да се справат со секојдневниот стрес и го прават животот поисполнет и поразличен. Исто така секојдневните прошетки се во корист не само за домашното милениче туку и за луѓето.

Ние сега двапати на ден по 30 минути се шетаме во парк со Мајло, еднаш наутро и вториот пат пред спиење. Во Шведска луѓето можат да патуваат со своите домашни миленичиња во трамвај, метро, автобус и воз. Исто така има многу кафулиња каде домашните миленичиња се добредојдени“ - споделуваат Драгана и Павел. 

dragana i pavel domasnite milenicinja ne se igracki koi mozat da se frlat i da se kupat novi 2

Тие се надеваат дека и во Македонија ќе порасне свеста за похуман однос спрема животните како во западноевропските земја. Исто така веруваат дека луѓето повеќе ќе вдомуваат бездомни кучиња, наместо да купуваат, затоа што со тоа ќе ги спасат од улица, а за возврат ќе добијат поисполнет живот.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg