Боби Трајковски - маж со деловен моден стил, на кој џебните марамчиња му се заштитен знак (фото)
- Детали
- понеделник, 21 април 2025
„Негувам голема љубов кон костумите, но мојот заштитен знак отсекогаш бил џебното марамче. Тоа е тој мал детаљ што го претвора аутфитот во ремек-дело. Елегантниот маж се едноставно се издвојува“, вели Боби Трајковски (37) од Скопје, кој живее во Бахреин.
Боби Трајковски (37) од Скопје моментално живее во малата островска држава Бахреин, каде како генерален менаџер стои зад успехот на неколку глобални ресторански брендови во Бахреин.
За своите успеси на поле кариера кратко вели: „Резултатите зборуваат сами за себе“.
Со него поразговаравме за неговиот моден стил, а тој за CRNOBELO.com споделува:
„Мојот моден стил е комбинација од безвременска елеганција и модерна софистицираност.
Верувам дека изгледот на мажот е директен одраз на неговиот менталитет, самодоверба и вредности и затоа елеганцијата не е само стил, туку изјава.
За мене, сè е во деталите. Иако имам голема љубов кон костумите, мојот заштитен знак отсекогаш бил џебното марамче.
Тоа е тој мал детаљ што го претвора аутфитот во ремек-дело. Изгледот на мажот никогаш не е целосен без тој последен допир на елеганција.
Елеганцијата е тивкиот јазик на самодовербата. За мажот, елеганцијата е многу повеќе од облека — таа е одраз на дисциплина, самопочит и внимание кон деталите.
Tоа е начинот на кој се носиш, како ги третираш другите и како се претставуваш пред светот.
Во хаотичен и бучен свет, елегантниот маж се издвојува — не затоа што сака да биде виден, туку затоа што се движи со цел и присуство.
Елеганцијата наметнува почит без да ја бара.
Секое утро го започнувам со цел, а со мојот утрински ритуал ја усогласувам мојата енергија со мојата цел.
Пред да излезам во светот, го расчистувам умот и ја усогласувам енергијата за да можам да дадам 300% во секоја област од мојот живот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





