Ангелина Китановска, наш успешен модел: „Моите пропорции се 86-60-89 и имам 53kg, но клучни се самодовербата и ставот“
Најинтересен ангажман ти бил…
Најинтересен ангажман ми беше организацијата на еден моден настан под временски притисок, каде што секој детаљ требаше да биде совршен.
Иако предизвиците беа големи, тимската работа и посветеноста резултираа со успешен настан, што беше голема сатисфакција.
Најтежок ангажман ти бил…
Најтешкиот ангажман, во суштина, не бил мој личен ангажман во улога на модел. Беше првиот Скопски Моден Фестивал, кога требаше да изменаџирам 50+ модели – со очекување сите да се однесуваат како мене, сè да знаат, на сè да бидат спремни.
Беше едно добро адреналинско возење, меѓутоа сатисфакцијата е поголема кога се движиш по потешкиот пат.
Каде имаш патувано досега поради работни ангажмани? Од која земја носиш најубави искуства? Каде луѓето се најпријатни за соработка?
Сум патувала низ многу земји, вклучувајќи ги Италија, Франција, Турција, Албанија. Најубавите искуства ги носам од Франција, каде што модата е дел од културата.
Луѓето во Турција, пак, се едни од најпријатните за соработка – секогаш професионални и срдечни.
Кој модел ти е идол од Македонија/светот?
Од светот, мојот идол е Жизел Бундшен – не само поради нејзиниот успех на пистата, туку и поради нејзиниот активизам и баланс меѓу кариерата и приватниот живот.
Од Македонија, ги почитувам сите модели кои работат напорно и го подигнуваат нивото на индустријата.
Од кој светски бренд со задоволство ги носиш моделите? Ви даваат ли понекогаш на подарок некои од парчињата?
Обожавам да носам модели од домашни и безвременски брендови, кои најчесто самата ги купувам.
Доколку замислам нешто, а не го наоѓам за да го купам – седнувам да го сошијам, па тука ми се отвора ново поле со идеја за нова колекција, но денот за сите има 24 часа, па некоја нова колекција ќе почека.
Што си посакуваш во иднина на поле кариера?
Посакувам да ја прошириме агенцијата Max Models и да ја претвориме во интернационален бренд.
Сакам да бидам ментор на новите генерации модели и да ги инспирирам да сонуваат големи соништа.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело