Момчето што го играше „Зоки Поки“ порасна: „Ако не станам актер, ќе бидам пилот“
Колку често ти се случува луѓето да ти се обраќаат со „Зоки“ наместо со Матеј? Ти пречи ли што ти го грешат името, или се навикна веќе?
Многу често се случува, но можам да кажам дека се навикнав.
Дали имало мигови кога требало некому да му докажуваш дека не се викаш Зоки?
Да… Обично ми се случува на најмалата публика да им кажам дека моето име не е Зоки.
Имаш ли понуди да се појавиш во некоја нова ТВ серија и дали веднаш би прифатил кога би ти понудиле нова улога?
Моментално немам понуди, а доколку се појави некоја понуда/ можност би ја прифатил.
Со кој актер би сакал да глумиш и што сакаш повеќе театар или филм?
Со Сашко Коцев. Повеќе сакам театар, затоа што ми е поинтересно кога ќе излезам пред публиката.
Која е твојата „Лидија“ во приватноста? Има ли таква?
.Паа … Секогаш постои по некоја „Лидија“.
Што правиш во слободното време кога не глумиш и не си во училиште? Кои други активности ти го исполнуваат времето?
Во слободно време обожавам да возам планински велосипед, да го истражувам планинскиот велосипедизам, и посетувам часови за глума, посетувам и курсеви за странски јазици и се едуцирам…
Секако, одвојувам време и за дружба со пријателите.
Ако не станеш глумец, тогаш би бил… Зошто?
Пилот, зошто ме привлекува авијацијата и го сакам небото.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Б. С. Б. | Црнобело