Урбан лик: Игор Милановиќ – менаџер и поранешен ватерполист со одличен моден стил

„Сметам дека луѓето треба да се облекуваат во облека што одговара на нивниот стил и конституција, без разлика дали е модерна или не и дали е скапа или не. И да, според мене уреден маж е убав маж“, вели Игор Милановиќ (32) од Скопје, магистер по право и поранешен репрезентативец на Македонија во ватерполо.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-01_copy.jpg

Игор Милановиќ (32) од Скопје е магистер по право и поранешен репрезентативец на Македонија во ватерполо од 2008 до 2012 година (3 сениорски европски првенства, Универзијада 2011 бронзен медал, 3 светски лиги).

Моментално работи во Телеком на позиција Лидер за уреди, а претходните работни искуства му се: една година мерчендајзер во Sony mobile, 7 години менаџер за продажба во Huawei, една година директор за продажба во Xiaomi.

Игор е оженет и има две деца, Матео и Мона.

Спортот му е секојдневие, животно мото му е „Можеш сè сам“ и се води од мислата дека „Најдоброто допрва доаѓа“

Внимава на својот моден стил, а верува дека исполнет и уреден маж е привлечен маж.

За своите животни навики Игор Милановиќ за CRNOBELO.com вели:

Од ватерполо до бизнис свет, како изгледаше транзицијата?

Ватерполото е мојата најголема љубов уште од дете. Но, за жал, овој спорт не е толку признат и ценет кај нас.

Па, така, како секој спортист, по завршувањето на кариерата морав да си го најдам својот пат.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-02.jpg

Иако завршив правен факултет, знаев дека нема да се пронајдам во тој свет.

Случајно навлегов во светот на технологијата и тоа е она што ме исполнува до ден денес, преку Sony mobile, потоа во Huawei, Xiaomi, па стигнав до една од најдобрите компании во нашата земја, a тоа e Телеком.

Технологијата е нешто што ме фасцинира и сите новитети и гаџети кои толку многу го олеснуваат животот, што станавме зависни од овие уреди. Постојано ги читам и анализирам новите уреди на пазарот и ме интересираат иновациите, разликите и предностите на секој уред, независно од кој бренд.

Луѓето кои ме познаваат секогаш ме прашуваат за совет при изборот на уредот што сакат да го набават.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-20.jpg

Имаш одличен моден стил, колку сметаш дека уреден маж е убав маж?

Сметам дека секој маж мора да биде уреден, дотеран, среден, што ја претставува сликата на ликот и начинот на живот.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-24.jpg

Сакам да гледам убави и средени луѓе и мислам дека секој треба да се грижи за својата уредност и изглед.

Според мене, луѓето треба да се облекуваат во облека што одговара на нивниот стил и конституција, без разлика дали е модерна или не и дали е скапа или не. И да, според мене уреден маж е убав маж.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-03.jpg

Колку е тешко да се направи баланс помеѓу семејството и кариерата? На колку години се реализираше во улогата на татко и беше ли предизвик толку рано?

Улогата на татко ја доживеав релативно рано, но јас отсекогаш сакав да бидам млад татко и желбата ми се исполни.

Децата се најубавото нешто што на секој човек може да му се случи во животот и нивното доаѓање на свет за мене беше големо созревање и трансформација во позитивна смисла.

Децата се голема одговорност, но сите случувања со нив секојдневно се непроценливи.

Првото дете го добив на 24 години, а второто на 26 години, Матео сега е 7, а Мона е 6 години и можам да кажам дека времето навистина брзо лета.

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-28.jpg

Најголеми достигнувања и животно мото…

Во ова ново време во кое живееме, мислам дека сме во постојана трка со времето, тестот е да се воспостави рамнотежа помеѓу работата и домашните обврски, додека имајќи време за себе и за сè останато, постојано се трудам да го дадам најдоброто од себе.

Секој пат давам сè од себе, и затоа велам: „The Best Is Yet to Come“ (Најдоброто допрва доаѓа).

urban-lik-igor-milanovikj-menadjer-i-poraneshen-vaterpolist-so-odlichen-moden-stil-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Урбан лик: Амел Амед од Скопје е зависник од мотоцикли, сноубординг, нуркање, фотографија и мода (фо... Ги знаете оние луѓе кои не живеат, туку грабаат од животот? Токму таков е фотогр...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Ламбе Алабаковски: „Во Бигорски си го наоѓам мирот, со Врчак сакаме да снимиме нов дует“ „Магдалена е многу добра мајка и сопруга. Таа во 2000 година со семејството се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg