Ристе Спироски, фотограф од Охрид: „Американци дојдоа за запросување кај нас, девојките мислат дека сум турист со апарат“

Што правиш најчесто додека чекаш? Имаш ли некој што те придружува или пак сакаш да одиш сам?

Обично моите другари кои морам да ги споменам тука -  Валентин, Мартин, Марио, ми се голема поддршка во фотографирање астрономски настани и ние како друштво пред се уживаме во настаните, а фотографиите се само еден запис од нашите убави моменти поминати заедно.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-11.jpg

Освен астрономски промени, фотографираш и запросувања... Дали често ти бараат да бидеш дискретен и „да се криеш“ додека не се случи самиот чин на запросувањето, или однапред се знае дека ќе се прави фотосесија?

Во последните две години се почесто фотографирам запросувања. Најчесто партнерот бира да бидеме дискретни и се договараме неколку месеци однапред.

Бидејќи Охрид е познат по туризмот, никоја од нивните партнерки досега не забележала дека има фотограф кој го фотографира запросувањето бидејќи мислат дека се работи за туристи кои фотографираат.

На крај се претставувам и правиме кратка фотосесија.

View this post on Instagram

A post shared by Riste Spiroski (@ristespiroskiphotography)

Најинтересно ми беше првото запросување кое го фотрографирав, кога Џошуа со неговата девојка Алиса дојдоа од Њујорк специјално во Охрид за да ја запроси девојка му на Канео.

Самиот факт што се работи за Американци кои се досетиле на убавините на нашата Македонија и Охрид да ја красат позадината на нивниот најсреќен момент и да се сведок на нивната вечна љубов е доволна причина да се издвои како моја најомилена случка.

Може ли во Македонија добро да се заработи од фотографија, или пак неопходно е да имаш и други извори на приходи?

Можам да кажам дека доколку работиш како фотограф може да се заработи, но треба да го жртвуваш своето време, социјален живот и други важни аспекти од животот за навистина добар успех.

Но, доколку фотографијата, маркетингот и водењето социјални мрежи се искомбинираат и се направи понуда за она што е во тренд во моментов кај бизнисите, може и многу повеќе и полесно да се заработи.

Сметам дека фотографијата е широк поим и секој човек треба да се пронајде што ќе прави со истото.

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-12.jpg

Се наоѓа ли во Македонија опремата што ти е потребна или, пак мораш да ја набавуваш од странство?

Во Македонија имаме една-две продавници со фото опрема што не ограничува нас фотографите да купуваме опрема, а цената е многу поразлична од земјите каде што има повеќе фото продавници, така што сме приморани да комбинираме и тука и во странство.

Најчесто фотографите од Македонија опремата ја набавуваат од соседните земји.

Сакам исто така да споменам нешто што треба да ги мотивира младите и новите фотографи.

До пред 4 месеци фотографирав со камера стара скоро 10 години, која незамисливо ме ограничуваше во фотографијата и опциите на камерата, но упорноста и тоа што со таква опрема од само два објективи го постигнав се ова што споменав горе е доволен знак дека на никој не му треба ништо повеќе од пред се љубов и една обична камера за да успеете како фотограф.

Погледнете уште неколку фотографии од Ристе во продолжение:

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-13.jpg

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-14.jpg

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-15.jpg

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-16.jpg

riste-spiroski-fotograf-od-ohrid-amerikanci-dojdoa-za-zaprosuvanje-kaj-nas-devojkite-mislat-deka-sum-turist-so-aparat-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg