Кристине од Струмица е мажена за Кореец: „Се вљубив на прв поглед, имавме традиционална корејска свадба – траеше само 2 часа“

Имавте ли во некој момент „проблеми“ или предрасуди поради различните националности, религии? Или Корејците се либерални?

Бидејќи јас веќе живеев во Кореја долго време, се навикнав на нивните традиции, култура, очекувања во врската, се навикнав на нивните карактери, па дури и „преземав“ малку од нив.

Па затоа од кога се запознавме до ден денес не сме се карале воопшто и се надевам ќе продолжиме така.

Пред да се запознаам со него имав многу проблеми заради разликите во културата со другите, но маж ми е либерален и никогаш не му сметаше што јас го имам тој балкански оган во мене.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-22.jpg

Како би го опишала сопругот? Кои се неговите квалитети? Колку се разликува тој, па и корејските мажи, воопшто, од мажите кај нас?

На маж ми не му смета ништо, не е љубоморен, не пробува да ме контролира, не му смета да излезам сама со другарки по клубови, да одам на одмор со девојките, да се облекувам сексапилно.

Маж ми е интроверт и не обожава гужви. Не пие алкохол, ниту една чаша.

Во таа смисла сме сосема спротивни. Јас обожавам да се журкам.

Но, двајцата сме опседнати со фестивали па патуваме заедно и се забавуваме така.

Тој е првиот маж што сум го запознала да ме поддржува во сè.

И мислам дека тоа е најголемата разлика што ја има во однос на мажите во Македонија.

Искрено, немам многу искуство со излегување со наши мажи, па моето мислење повеќе се заснова на она што го слушнав од другарките.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-10.jpg

Каква беше свадбата? Имавте ли некои македонски обичаи или исклучиво се држевте до корејските?

Со сопругот стапивме во брак во 2023 година. Ме запроси во јуни 2023 додека бевме на одмор низ Европа, а каде што отидовме заради неговиот омилен фестивал.

Свадбата требаше да биде оваа година, бидејќи во Кореја свадбите се планираат година две однапред.

Сакав да имам западна и корејска фузија на свадбата, но во август 2023 нè изненади убавата вест дека очекуваме бебе, па јас одлучив да имаме свадба пред да се роди бебето за да не бидеме презафатени подоцна.

Свадбата ја направивме во декември 2023.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-23.jpg

За жал, моите не можеа да дојдат, па од мојата страна имав само другари и другарки.

Мајка ми ја гледаше свадбата во живо преку телефон.

Свадбата беше исклучиво со корејски традиции. Овде немаат церемонии. Обично свадбите траат 2 часа максимум.

Церемонијата трае еден час - невестата оди по патеката, се кажуваат заветите и разменуваме прстени.

Преостанатиот час е за закуска, па се случува и да се комбинираат повеќе свадби и да се јаде заедно.

Немаш избори за персонализација на местото за свадба. На истото место има по 3-4 свадби во истиот ден.

Не беше свадба од соништа, но сепак беше убаво. Но, потоа имавме прекрасно афтерпарти во бар со најблиските.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-08.jpg

Интересно е што Корејците не те знаат како Кристине, туку како Соми. Зошто го смени името и дали има некакво скриено значење?

Името го сменив пред 4 години, но не е сменето официјално.

Единствено престанав да го користам Кристине, туку најдов корејско име што ми се допаѓа - Соми.

Така ми е полесно да им се претставувам овде на луѓето и си остана.

Соми нема никакво посебно значење. Изгуглав ретки корејски имиња за девојки и се појави на листата и ми се допаѓаше најмногу.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-01_1.jpg

Ти беше ли тешко да го научиш јазикот?

Корејски јазик првпат пробав да научам во 2014 година.

Одев на курс 3 месеци но ми беше претешко и немав мотивација, заради тоа што немав каде да го користам, па се откажав.

Во 2020 повторно пробав курс и одев 4 месеци и научив повеќе.

Тогаш почнав да стекнувам локални пријатели и полесно ми беше да стигнам до тоа ниво каде што сум сега.

Или како што велат: „Ако сакаш да научиш туѓ јазик, фати си дечко или девојка од таа земја и најбрзо ќе ти оди“.

Македонски јазик денес користам само кога разговарам со мајка ми.

И за ова интервју морав да преведувам некои работи од англиски на македонски затоа што имам многу заборавено од нашиот јазик во овие 10 години.

Маж ми знае неколку зборови на македонски, но повеќето се зборови кои не би сакала да ги спомнувам овде ха, ха.

Се трудиме тој да го усоврши англискиот јазик прво, пред да го научам да зборува на наш јазик.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-15.jpg

Кога си била последен пат кај нас? Ти недостигаат ли луѓето, или нешто македонско?

Последен пат за Македонија бев во 2015 година и за жал немав шанси да отидам повторно.

Мајка ми се пресели да живее со мене во 2016 година и сега е во Америка, така што немав ни причина да одам во земјата.

А ми недостигаат јадењето и животот малку, но не доволно за да сакам да се преселам назад.

Но, најмногу ми недостига опцијата да се качам во автомобил и да возам до друга држава, нешто што е невозможно овде во Кореја.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-14.jpg

Му раскажуваш ли на сопругот за земјава? Сака ли да дојде да ја посети, да види од каде потекнуваш?

Му раскажувам на маж ми често за моето детство дома, како живеевме итн.

Сакаме да отидеме барем еднаш, да види каков е животот таму.

Често се шегувам дека би била супер идеја да се преселиме во Македонија и да отвориме ресторан за корејска скара.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-17.jpg

Синот се роди неодамна, но дали сте разговарале со сопругот дали ќе го воспитувате само во корејски дух или и македонски? Што од нашите вредности би сакала да му пренесеш или да знае?

Имаме синче кое има 4 месеци. Балканските гени победија и не изгледа многу дека е мешано со корејски гени. Баш изгледа како јас кога бев бебе.

За сега планот ни е јас да му зборувам на англиски, а маж ми на корејски, па подоцна кога ќе има 8-10 години да пробаме и македонски јазик да го научиме.

Мислам дека мене би ми било тешко да го учам зашто и јас го имам заборавено многу јазикот, а и од Струмица сум па струмички дијалект ми оди полесно.

Се разбира дека тој ќе биде воспитан знаејќи дека е половина Македонец и ќе го учам за нашата земја и култура, за балканските песни кои и сега често се слушаат кај нас.

Исто така, ќе се научи да јаде наша храна. Маж ми обожава македонски специјалитети и кај нас дома често може да се најдат наши готвени рецепти.

kristine-od-strumica-e-mazhena-za-koreec-se-vljubiv-na-prv-pogled-imavme-tradicionalna-korejska-svadba-traeshe-samo-2-chasa-13.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg