Македонци организираат бесплатен одмор за семејства: „Испративме на одмор татко со 3 деца, чија мајка е почината“

Што обезбедувате вие како организација?

Одморот како одмор или само сместувањето на она семејство кое нема приходи и е во социјален ризик не значи многу зошто тие немаат ни за пат, ни за храна, ни за сирупчиња во секој случај за децата, ни за некакви реквизити, осигурување …

Долга е листата на потребите и трошоците кои ги носи со себе одморот.

За да може да помогнеме во целост на тие семејства ние како организација ја објавивме и нашата жиро-сметка за донирање каде хуманите срца можат да не поддржат и да донираат со цел да го обезбедиме преостанатото што треба.

Досега имаме за неколку семејства купено храна, сирупи, реквизити, платено осигурување, превоз.

На располагање ни се стави и Хуманитарната организација „Свети Спас“ која исто ни е поддршка во поглед на храната за семејствата кои ги праќаме на одмор и имаат потреба.

Сите хумани срца се поканети да се приклучат секој според своите можности и да ни помогне во овозможувањето на бесплатни одмори за семејства кои не се во можност за тоа ни да помислат, а не па да го дозволат.

Веруваме дека секој заслужува одмор, дека секое дете заслужува да се радува на летото заедно со своето семејство.

Може да ни се помогне на различни начини:

Донирање на одмор: Со понуда на апартманите што ги издаваат, понуда на аранжман, летување преку агенција. Не е важно дали е тоа во Македонија, дали е планина, езеро или море.

Има семејства кои ништо немаат видено од ова или не знаат кога последен пат биле на одмор каде било.

Донирање на средства: Доколку немате апартмани и не сте туристичка агенција можете да го придонесете со донирање на средства преку нашата жиро-сметка или директно со уплата на одмор во туристичките агенции.

Секој мал придонес е од помош, а средствата ќе бидат употребени за организирање на одморите и обезбедување на потребните работи – пасоши, превоз, храна, патничко осигурување, реквизити за на плажа.

Сите кои сакаат да донираат, тоа може да го направат на следнава жиро-сметка:

  • Здружение на граѓани Куќа на Среќата
  • 200003824125567 – Стопанска банка АД Скопје
  • IBAN MK07200003825028637 SWIFT код; STOBMK2X

Осигурителните компании можат да ја покажат својата општествена одговорност и да ни донират семеен пакет осигурување.

Маркети може да се приклучат со донирање на пакет на храна, донирање на реквизити за на плажа, разни играчки за плажа, пешкири, лежалки.

Аптеки може да се приклучат со донирање на сирупчиња или мини аптека за децата кои треба да одат на одмор, вклучувајќи и креми со заштитен фактор…

Многу работи се потребни за еден одмор, а оние што немаат само едно сместување ништо не им значи зошто и сè друго им е трошок.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-05.jpg

На кој начин го обезбедувате сместувањето и превозот – собирате донации или се пријавуваат сопственици на апартмани и превозници?

За да обезбедиме еден одмор ги повикуваме сите да ни се пријават и да донираат на секој можен начин.

Да ги отстапат нивните сместувачки капацитети кога им се слободни, туристичките агенции да ги понудат нивните аранжмани, превозниците да ни понудат превоз, граѓаните и оштествено одговорните компании да ни донираат на жиро-сметка на здружението.

Сето ова го правиме со постојани објави на Фејсбук групата „Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце“.

Оваа година сме посебно изненадени на хуманоста на сопружниците од Србија, Милена и Владо кои имаат сместувачки капацитети во Грција и кои ги отворија вратите од тие капацитети за нашите семејства и секој слободен, а неиздаден апартман ќе ни го отстапат.

Наше е да обезбедиме превоз и туристичка такса. Ова семејство покажа дека хуманоста не познава граници.

За пофалба се и туристичките агенции кои годинава сите сакаа да бидат анонимни, но ние не можевме, а да не ги објавиме зошто нивната хуманост и општествена одговорност е пример за сите како треба и дека заедно можеме.

Секоја туристичка агенција кога би дала макар само едно сместување ние би имале многу, многу семејства кои ќе можеме да ги пратиме на одмор.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-06.jpg

Колку успешни приказни сте имале досега? (Раскажете ни некоја приказна што вас сериозно ве погодила).

Праќањето на одмор го започнуваме некаде крај на месец мај и го завршуваме крај на месец септември.

Иако годинава одлучивме дека ова нема да трае само за летниот период и летен одмор туку ќе се потрудиме да имаме и зимски одмор.

Во просек досега сме имале некаде 20 семејства годишно кои сме ги праќале на одмор, со што оваа година бројката ќе ни биде многу поголема од причина што имаме веќе најава за месец септември.

Мораме да признаеме дека семејствата кои ги праќаме на одмор е исто како да праќаме наши семејства, наши деца и дека постојано ги мислиме дали стигнале, дали им е во ред сместувањето, како поминале по пат, дали им треба уште нешто плус…

Во принцип одбегнуваме да им пишуваме и прашуваме зошто сакаме одморот да им биде нивен и да не чувствуваат никаква обврска кон нас дека треба да ни пишуваат и да не известуваат, но тоа тие го прават самите и нивната среќа ја споделуваат со нас.

Нивната среќа е и наша среќа и не радуваат нивните фотографии, нивните видеа, насмевката која им ја гледаме.

Најмногу нè радува кога ќе ги изненадиме, кога не ни очекувале дека ќе добијат одмор, кога не им се верува дека сè им е обезбедено, дека они само треба да се спремат и заминат на одмор.

Нè погодиле многу приказни, семејство со три деца каде нивната мајка беше почината и каде таткото не ни очекуваше дека некој помислил на нив и на нивниот одмор.

Семејство кое цела година поминаа по болници, семејство кое никогаш баш никогаш не биле на одмор.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-07.jpg

Како се чувствувате кога ќе добиете фотографии од семејствата што заминале на одмор?

Фотографиите кои ги добиваме се нашата среќа и радост и тие ни се едно богатство која ни ја полнат душата.

Кога ги гледаме насмевките, кога ја гледаме радоста и ние сме среќни и радосни.

Тие фотографии не ги објавуваме зошто во целост сакаме да ја сочуваме анонимноста на семејствата и во ниту еден момент да не им е незгодно или да се чувствуваат непријатно.

Ќе споделиме дел од разговорите и сликите кои ги добивме годинава зошто и на нашата среќа и нема крај.

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-08.jpg

makedonci-organiziraat-besplaten-odmor-za-semejstva-isprativme-na-odmor-tatko-so-3-deca-chija-majka-e-pochinata-09.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg