Елена Стојчевска за животот во Холандија: „Децата шетаат боси и зиме и лете, градинките се скапи и за Холанѓаните“

Од каде најчесто црпите инспирација за проектите и креациите што ги споделувате на Инстаграм?

Инспирација ми се секогаш моите деца и потребите кои ги имаат.

Син ми е веќе голем и најчесто самиот одлучува што ќе работи, па во моментот времето го користам за креативности со ќерка ми која е во најважната фаза од развојот каде сите типови на активности се значајни, а мене ми е задоволство да создавам.

Секогаш кога ќе видам нешто интересно на Инстаграм сакам да ја искористам идејата и така секако е поедноставно.

Има профили македонски и странски кои ги следам и им се восхитувам на енергијата која ја вложуваат, но јас имам толку идеи во мозокот што често знам и да ги искомплицирам едноставните работи.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-15.jpg

Дали е лесно да се набават материјали за „проектите“ и колку од работите што ги користите се достапни кај нас? Дали секогаш се трудите да ги има и во Македонија, бидејќи повеќето следбеници ви се оттука?

Па ако го отворите мојот профил ќе забележите дека освен некоја хартија во боја и боички, материјали скоро и да не купувам и тоа ми е идејата.

Да ги поттикнам родителите дека сите дома имаме разни „отпадоци“ од кои апсолутно можеме да направиме секакви активности во кои ќе учествуваат и децата.

Со тоа ќе поминеме со нив квалитетно време, активностите ќе имаат едукативен карактер и во исто време ќе ги научиме дека треба да се реупотребува, како појдовна точка во нивното воспитување за еколошки свесни деца.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-08.jpg

Ви се случува ли да добиете фотографии или видеа од мајките што ги изработиле вашите проекти? Како се чувствувате тогаш?

Се разбира, добивам секојдневно многу фотографии, имам доста групи во кои работиме на дадени теми, споделуваме насоки и совети за различни возрасти, споделуваме литература за деца дури и совети.

Ова на почетокот го правев сама, но поради обврските и работното време за среќа во групите имам мајки кои се навистина ентузијасти дека можеме да поттикнеме што повеќе родители дома да работат со своите деца и да ја намалат технологијата, па волонтерски помагаат и ги водат сите тие активности.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-13.jpgЕлена со нејзината авторска интерактивна игра „Врти од А до Ш“

Среќна сум што профилот, од едно хоби прерасна во заедница за родители кои се одлучни на децата да им имаат развој низ активности.

Поради тоа што баш сите тие родители се соочени со осуда од средината во која живеат од типот „немаш друга работа“, „ги малтретираш децата“ и слично, па тука дојдоа до сознание дека не се сами и дека овој тип на детски развој е доста распространет и има доста позитивни резултати во целиот понатамошен живот на детето.

Додека овој дел на мојата заедница ме прави среќна, последната една година се соочувам со доста пораки или повици за помош на родители кои апсолутно заглавиле со состојбите на денешното време како ЕКРАНИЗМОТ.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-19.jpg

Децата се во ситуација каде не знаат ни да говорат и немаат осет за надворешниот свет.

Родителите најчесто доцна ја воочуваат оваа состојба, затоа што во брзото секојдневие сметаат дека детето доволно се активира во градинка и после тоа нека седи на таблет или ќе гледа со часови цртани филмови.

Дијагнозите во здравството во Македонија потешко се добиваат па ете преку активности и поминување на времето со децата се обидуваат да ја променат таа состојба.

Така што можам да кажам дека и на тоа поле овој профил станува сè поуспешен и иако јас не сум стручен кадар, имам соработници, на кои сум им навистина благодарна затоа што не пропуштиле да дадат бесплатен совет секогаш кога ќе им се обратам. 

Па така ги насочувам и родителите и секако во оваа заедница споделуваме искуство едни со други за да се помогне во секоја насока.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-14.jpg

Има ли нешто што ви недостасува од Македонија и што е тоа?

Па освен фамилијата и пријателите кои ми недостигаат, понекогаш сум носталгична за пазарчето во Тафталиџе каде чичкото кој продаваше цвеќиња имаше повеќе комплименти од цвеќиња и некои слични ситници.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-09.jpg

Дали некогаш сте размислувале да се вратите во Македонија? Верувате ли во тоа дека децата во Македонија имаат побезгрижно детство?

Не сметам дека децата во Македонија имаат побезгрижно детство, напротив, мислам дека децата тука имаат доста послободно и посреќно секојдневие.

Тие се буквално вклучени во секој сегмент од општеството, или општеството е организирано да им овозможи среќно детство.

Ја сакам Македонија, таа е моја татковина, но во Холандија го пронајдов она што е најблиску до совршениот стил за живот за кој копнеев во минатото, така што одговорот на ова прашање ќе го оставиме за понатаму.

elena-stojanovska-za-zhivotot-vo-holandija-decata-shetaat-bosi-i-zime-i-lete-gradinkite-se-skapi-i-za-holangjanite-17.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени,... Разговараме со Дијана (30) од Тетово, која живее во Германија со семејството, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg