Џамбо Агушев за татковството: „Близок сум со децата, но стресно ми е што немам многу време да им се посветам“
Јас сум музичар и моето слободно време е ограничено, па понекогаш имам многу малку време да се посветам на фамилијата, иако би сакал да сум многу повеќе покрај нив.
Близок сум со децата, но ми недостига уште време со нив.
Па кога сме заедно, се трудам максимално да бидам со моите најмили - да излеземе на ручек, во шопинг или да прошетаме во природа.
А, се разбира, морам да најдам и време за да вежбаме заедно труба со синот Мерт.
Најубавата работа поврзана со татковството ми е што Господ ми подари здрави, прекрасни деца за кои вреди да се живее. Некогаш си мислам дека не ми треба ништо повеќе.
А најстресна работа како татко ми е тоа што понекогаш немам доволно време да се посветам на својата фамилија“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело