Џамбо Агушев за татковството: „Близок сум со децата, но стресно ми е што немам многу време да им се посветам“
- Детали
- петок, 12 април 2024
„Се сеќавам, кога ми се роди најстарата ќерка Севги (14) бев многу среќен што станав татко. А потоа ми се роди синот Мерт кој сега има 9 години, па со сопругата оттогаш добивме уште две девојчиња“, вели кралот на трубата, Џамбо Агушев.
Кралот на трубата, Исеин Озден, кој во јавноста сите го знаат како Џамбо Агушев, има четири деца - три ќерки и еден син.
Овој 33-годишен струмичанец е многу посветен татко и близок со децата, иако поради честите патувања и турнеи низ светот, понекогаш нема време да им се посвети колку што сака.
Во разговор за CRNOBELO.com, кралот на трубата ни раскажа неколку детали за децата и татковството:
„Имам три ќерки и еден син.
Се сеќавам, кога ми се роди најстарата ќерка Севги (14) бев многу среќен што станав татко. А потоа ми се роди синот Мерт кој сега има 9 години, па со сопругата добивме уште две девојчиња - Мелиса (3) и најмалата ќерка, Алина која има само 1 година.
Како и секој родител, и јас си ги сакам сите деца подеднакво.
И нормално секое дете си бара внимание и различни работи, бидејќи се различни по карактер.