Ана Павловска – мастер за изработка на нокти: „Не треба да се прави пауза од правење нокти, не пречи честото печење“

„Формата на нокти се прави според изгледот на раката и прстите, неумешните техничари може да направат последица со алергии на ноктите и кожата, а екстремно долгите нокти се луксуз и не се за секого, јас имам ВИП клиенти кои носат исклучиво такви“ - вели во интервју за CRNOBELO.com Ана Павловска, која работи со повеќе наши познати личности, и одговара на некои од најчестите прашања поврзани со изработка на нокти. 

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje01.jpg

Ана Павловска e интернационален мастер едукатор и судија на интернационални натпревари во изработка на нокти, чии клиенти се голем број познати личности, како Антониа Гиговска, Лина Пејовска, Елена Најдоски и многу други. 

Таа е препознатлива по изработката на екстремно долги нокти, кои често можеме да ги видиме кај некои од нашите пејачки, но позната е и по тоа што е многу едуцирана на оваа тема, со голем број освоени награди во ова поле, а своето знаење го пренесува на студентите во нејзината Академија. 

За начинот на изработка на нокти, грешките кои ги прават неискусни техничари, проблемите со кои може да се соочиме, но и решение на некои од најчестите прашања што нè мачат поврзани со изработката на нокти, Ана одговара во интервју за CRNOBELO.com. 

Во продолжение целосното интервју со Ана за CRNOBELO.com:

Колку време се занимавате со изработка на нокти и што подразбира вашата работа? 

По вокација сум новинар меѓутоа по професија веќе 15 години сум интернационален мастер едукатор и судија на интернационални натпревари во изработка на нокти.

Едукацијата е процес којшто мене многу ме привлекува. Тоа е едно од најмоќните оружја што може да ги поседува една личност.

Вистинско уживање ми се фацијалните експресии на моите студенти кога ќе почувствуваат прогрес. Дефинитивно тоа ми е двигател во понатамошната работа.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-05.jpg

Од каде талентот за микроуметност на нокти? Како се усовршувавте? Има ли нешто што не можете да нацртате?

Талентот веројатно е нешто што го поседува секоја индивидуа, меѓутоа клучот лежи во упорноста и истрајноста. Мора да имаме јасно поставени цели за тоа како и каде се гледаме во големата слика.

Многу време посветувам во усовршување на мојата работа - тоа се ноќи и ноќи поминати со четките во раце креирајќи разни микро уметнички дела.

Природниот талент доколку не се канализира и не се усовршува постепено избледува.

Што се однесува до креативниот дел, односно цртањето… работам многу техники кои се надополнуваат една со друга и ништо не е невозможно за цртање кога ќе си изнајдеш свој правец во уметноста.

Во X-Treme Academy имам повеќе од 30 техники на цртање кои низ точно определени чекори им помагаат на студентите да креираат уметност.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-03.jpg

Постојат ли техники за маникир кои се хит во светот, но сè уште ги нема кај нас? По што се издвојувате вие од останатите салони?

Техниките во маникирот се нешто што се обновува константно со цел да се внесе свежина во нашата работа.

Буквално сè што излегува на светскиот пазар го има во X-Treme Academy од причина што оваа Академија е дел од Светската федерација на независни едукатори.

Дефинитивно сме единствената Академија што има преку 50 едукации специјализирани само за нокти со интернационална лиценца за работа.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-18.jpg

Кој е најголемиот тренд за маникир во моментов, според вас?

Најголемиот тренд во моментов во светот на маникирот е дефинитивно сувиот односно руски маникир.

Тоа подразбира совршено исчистена зона на кутикули и материјал којшто соодветно е аплициран под неа.

Тој процес не само што ја прави целата изработка многу уредна, убава и оригинална, туку ја зголемува и трајноста на самиот маникир. Од просечни 3 до 4 недели носивост, со оваа процедура е некаде 4 до 5 недели.

Второстепено се техниките за забрзување на изработката, така што сега голем хит се дуал формите со кои драстично се намалува времето на изработка (некаде од 20 до 40 мин.).

Се надевам дека во нашата земја ќе почнат соодветно да се имплементираат новите техники.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-14.jpg

Колку Македонките се одлучуваат за екстремно долги нокти какви што често правите? Која е тајната за нивна одржливост и како се функционира со нив?

Екстремните форми на нокти се моја пасија. Уживам додека ги изработувам. Самиот процес на изработка е прилично долг и специфичен, но кога се работи со многу љубов сето тоа изгледа многу убаво.

Во принцип долгите екстремни форми се нешто што ја обележува мојата 15-годишна кариера.

Луѓето ме препознаваат по тоа и се воодушевуваат. Не секој кај нас би ги носел… а и не треба. Тоа е висока мода и луксуз којшто не е секојдневен.

Имам ВИП клиенти кои носат исклучиво таков тип сетови на нокти коишто дефинитивно одговараат на нивниот стајлинг и енергија.

Останатите кои никако не се помалку важни за мене се дами кои носат салонска должина на нокти меѓутоа технички многу добро изработени.

А функционирањето со голема должина на салонски нокти е буквално љубов и навика.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-20.jpg

Треба ли да се внимава на формата на ноктите зависно дебелина/должина на прсти или секој треба да си ги прави по желба?

Јас како професионалец секогаш внимавам на изгледот на раката и прстите и сугерирам идеја за нокти коишто би биле соодветни.

Често замислата на клиентите не соодветствува со реалната можност кога се работи за форма, должина или пак скршен нокт… меѓутоа со соодветни и издржани информации доаѓаме до заеднички јазик.

Низ текот на годините се оформив како стабилен артист, а клиентите ја чувствуваат таа енергија којашто е многу искрена и ми веруваат.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-17.jpg

Каков маникир е најдобар за оние со кршливи нокти?

За клиентите со кршливи нокти најчесто препорачувам акрил техника којашто е многу по сува и поцврста за разлика од гелот.

Ја употребувам и во разни други комбинации меѓутоа тука многу е важна комуникацијата со клиентот.

Јас имам многу специфичен и психолошки пристап со секој клиент и ние заедно одлучуваме што и како ќе правиме.

Дисциплината е многу важна за да можат да имаат совршена должина и форма на ноктите која нема да се оштети.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-02.jpg

Од што зависи дали гелот пука на ноктите? Има ли решение за оние чии нокти не трпат гел/гел лак?

Не постојат нокти што не трпат материјал – постојат нокти на кои е аплициран погрешен материјал или пак аплициран материјал со недоволно познавање на истиот.

Затоа е многу важна постојана и континуирана едукација. Ова што ние го работиме е занает во којшто е многу важно постојано да напредуваме.

Многу е жално што во нашата земја постојат студија коишто работат без никаква едукација или со една сметајќи дека тоа е тоа.

Често во Академија се сретнувам со размислувања од типот „Не јас имам базна едукација… мене тоа не ми треба“. Тоа е многу погрешно.

Секој артист кој сака да остави печат во својата работа нужно е константно да еволуира и да има амбиција да граби… така прогресот е загарантиран.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-12.jpg

Дали треба да се прави пауза од ставање гел/гел лак?

Пауза од правење нокти? Зошто? 

Ноктот е рознат дел од човековото тело… кератински дел којшто се обновува константно. Не дише за да се одмори… тоа не е орган!

Доколку се посетува техничар којшто е соодветно сертифициран за таа работа апсолутно нема потреба од пауза.

Јас имам клиенти коишто 15 години носат продукт на своите нокти и тие имаат комплетно здрави ноктни плочки без никакво оштетување.

ana-pavlovska-master-za-izrabotka-na-nokti-ne-treba-da-se-pravi-pauza-od-pravenje-nokti-ne-prechi-chestoto-pechenje-16.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Успешни Македонци низ светот: Воислав од Тетово е ембриолог во најголемата болница во Осло „Јас помагам во оплодувањето на јајце-клетката во лабораторија, во вештачки усло...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвував... „Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети де...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg