Ивана од Прилеп е на студентска размена во Бугарија: „Овде се слуша гласот на студентите, се одлучив за Стара Загора затоа што е блиску“

„Цената на намирниците не е драстично повисока, но е сепак е висока за мене како за студент. Знаев да се јавам дома кај родителите и да се заблагодарувам до небо што дотогаш во ниеден момент немав почувствувано што значи да немаш топол оброк оставен на масата без да го подготвиш потполно сам“ – раскажува Ивана од Прилеп за нејзиното искуство на размена во Стара Загора.

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-01.jpg

Настеска Ивана од Прилеп, моментално е четврта година на Педагошкиот факултет во Битола на насока „Социјална и рехабилитациска педагогија“ и е на студентска размена во Стара Загора, Бугарија.

Во интервју за CRNOBELO.com, таа го споделува нејзиното искуство:

Колку време престојуваш во Стара Загора и зошто баш таму? Како изгледаше процесот на селекција, како се одлучи за Бугарија?

Во Стара Загора престојувам во последните шест месеци преку Еразмус програмата за размена на студенти кои студираат еден цел семестар во друга држава.

Процесот на селекција го вршат координатор од самиот факултет и кога координаторот ги доставува документите на студентите кои влегле во потесен круг во ректоратот, вработените во ректоратот кои се задолжени токму за ваквиот тип проекти ги бираат студентите кои сметаат дека се најдобар избор во тој момент од сите кои аплицирале и влегле во потесниот круг.

Секако, тука постојат и критериуми за избор - познавање странски јазик (англиски или јазикот којшто е официјален во државата која е избрана за Еразмус размена), висок просек, голема улога игра и претходното искуство со ваков тип на размени доколку го има студентот.

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-10.jpg

Бугарија ми беше во топ 3 за избор на размена бидејќи е блиску и финансиски можам да си ја дозволам без да бидам терет на моите родители и, секако, во Стара Загора се наоѓа една од моите најблиски личности, другарка од средно која ми помогна да се снајдам подобро од што и самата очекував.

Кажи ни што поточно се случува додека си на размена – како изгледа секојдневието и нивниот образовен систем?

Подготовката за размената започнува многу месеци пред да се случи самата размена, се спремаат документи се поднесува барање за виза и најважниот дел од припремата е бирањето на предмети кои треба да се поклопат со предметите кои би ги слушала во зимскиот семестар на факултетот тука во Битола.

Јас имав среќа што ми се поклопија и предметите и кредитите кои ги носи секој предмет и ги слушав истите предмети кои ги слушаа моите колеги, само во Стара Загора.

Мојот ден тука започнуваше рано наутро, и продолжуваше со предавања кои изненадувачки за мене знаеја да траат и по три часа од предмет, секако со паузи, но тоа знаеше да ме исцрпи.

Многу често добивав задачи кои требаше да ги сработам за наредното предавање, така што секојдневието ми беше исполнето со подготовка на презентации и листи, пишување есеи, но секако имав доста и слободно време.

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-04.jpg

Нивниот образовен систем не е многу различен од нашиот, користат слични методи за решавање проблеми или за разработка на материјалот кој треба да се сработи тој ден.

Единствено во предност што се од нас е тоа што имаат многу повеќе пракса и доста работат на практичниот дел од студирањето.

Дали се приспособи лесно? Те прифатија ли тамошните студенти, брзо ли се стекнуваат пријателства?

Јас сум личност којашто претерано лесно се адаптира на различни средини и ситуации така што адаптирањето не беше никаков проблем за мене.

Претходно сум била отсутна од дома најмногу до 20 дена, тука стануваше збор за отсуство од половина година.

Секако дека се чувствував исплашено и несигурно пред да дојдам тука во Бугарија, потоа започнав да го искусувам студентскиот живот и она „оставен си сам на себе“ и тогаш сфатив дека јас сум личност која може да се снајде во секоја ситуација.

На почетокот наидов на одбивања од колегите и сметам дека за нивниот однос тука голема улога играше и конкуренцијата.

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-18.jpg

Навистина мислев дека проблемот е во мене, сè додека не ги запознав другите студенти во домот каде што живеев и колегите со кои ги слушав другите предмети.

Од нив добив толку многу внимание, топли разговори, премногу љубезност, едноставно беа секогаш расположени за прашања во врска со моето студирање дома.

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-09.jpg

Какви се трошоците за живот – сместување, сметки, храна, излегување – некои основни работи кои му се неопходни на секој студент?

Бидејќи Бугарија е држава која е во Европска Унија, трошоците и цените на намирниците се повисоки од колку во нашата држава.

Јас добив Еразмус стипендија која е од помош за сите студенти кои заминуваат на размена 100%.

Во градот каде што живеев има неколку студентски домови, јас бев сместена во еден од поновите и плаќав такса за сместување 80 лева (40 евра) и месечно за струја најчесто некои 10 евра плус кога започна грејната сезона.

Кога станува збор за трошоците за храна, тука видов најголема разлика. Постои менза со доста обилни и вкусни јадења, но бидејќи во собата располагавме со апарати за домаќинство, скоро секој ден спремавме домашно подготвена храна со цимерката.

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-17.jpg

Цената на намирниците не е драстично повисока, но е сепак е висока и за мене како за студент ми одеа доста финансиски средства околу тоа. Знаев да се јавам дома кај родителите и да се заблагодарувам до небо што дотогаш во ниеден момент немав осетено што значи да немаш топол оброк оставен на масата без да го подготвиш потполно сам.

Но, исто така можев да си дозволам неколкупати и „мали луксузи” како да јадам надвор во ресторан, да пијам коктел или да излезам со пријателките тука. Цената на кафето се движи околу 4 лева или 2 евра, лебот чини околу 60 денари, градскиот превоз чини 45 денари во еден правец...

ivana-od-prilep-za-studentskata-razmena-vo-bugarija-ovde-se-slusha-glasot-na-studentite-se-odluchiv-za-stara-zagora-zatoa-shto-e-blisku-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана К. Чурлевска живее во Финска: „Кога Финец ве договара за кафе, очекува да му кажете точно врем... „Кога првпат на гости ни дојдоа Финци, јас секако дека имав подготвено вечера, а...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Иван Јованов пред раѓањето на ќерката: „Едвај го чекам мигот кога малиот ангел ќе го земам во раце“ „Доколку се создадат услови да бидам во породилната сала, секако дека ќе присуст...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Миро Кацаров за родниот град: „Старата чаршија во Штип ме научи на 'школо' кое нема цена“ „Роден сум во Штип и растен сум во бивша Југославија, каде сите маалски детски и...
Ивана Лескароски за тешката животна борба: „По двете загубени деца, посегнав по животот, но Бог ми г... „Моментот кога една жена наместо со бебе во рака завршува само со неговата облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg