Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати повеќе за странци“

Кое македонско јадење те остави онака, без зборови?

Првпат пробав македонска храна во ресторан во Малта и навистина ми се допадна. Бурекот е одличен и големите сендвичи од 7ца, но уживам да јадам во кафеани, посебно гравче тавче бидејќи тоа е вкус што ме потсетува на Бразил.

И пивото е феноменално.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-04.jpg

Има ли нешто што не ти се допадна?

Нее, сè што пробав беше превкусно.

Имаш пријатели кои се Македонци - кое е твоето мислење за Македонците како пријатели?

Гласни и интересни, многу забавни, но пред сè секогаш се тука да ти помогнат и навистина можеш да сметаш на нив.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-09.jpg

Дали си имал некоја непријатна ситуација во Македонија?

За жал, да, и тоа со таксисти. И не е само една. Такси возачите навистина ги злоупотребуваат цените кога ќе видат дека патникот не е локален, наплаќаат дури и трипати повеќе.

Еден дури ме однесе на погрешна локација и сакаше да ми наплати многу висока цена, како да ме носел до аеродромот. Секако, не му платив.

Во овие ситуации многу ми недостига Убер. Потоа изнајмив автомобил, бидејќи ми беше полесно, а и поевтино за шетање и одење до Охрид.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-08.jpg

Бразил и Македонија се на различни краеви од светот, но дали има нешто по што се слични во нивните култури и луѓе?

Да, и Македонците и Бразилците сакаат да се забавуваат и да пијат, но во сè друго се различни.

Кое е твоето мислење за цените во Скопје?

Ги сакам цените во Скопје, тоа е една од причините што ја избрав Македонија, а и повторно би се вратил. Другарка ми само ме праќа во маркет да купувам нови македонски производи за да пробам.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-40.jpg

Имаш работено на брод и имаш посетено многу земји низ Европа и Америка, па каде би ја сместил Македонија на твојата листа за омилени места според нејзината култура, природа, луѓе и кујна?

Тоа е многу тешко прашање. За културата и природата, тие се навистина воодушевувачки, исто така и Македонците, освен таксистите и вработените во ресторани.

А, македонската храна, заедно со италијанската, се моите омилени.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-42.jpg

Како ти се допаѓа климата во Македонија, дали се навикна на студеното време?

Воопшто не се навикнав, дури морав да купам и дополнителна топла облека.

Видов и снег, престудено ми беше, иако знам дека ќе биде уште поладно, па среќен сум што нема да бидам тука кога температурите се под нулата.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-48.jpg

Дали мислиш дека Скопје е безбедно место за туристи и патувачи?

Да, посебно за некој како мене кој доаѓа од Бразил, можеби јас сум опасен за тука.

Според твоето искуство, што треба да се промени за Македонија да биде подобро место за туристи?

Потребно е повеќе да се зборува англиски јазик и подобра услуга во рестораните. И Убер, бидејќи таксистите претеруваат со цени.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-46.jpg

Нешто што те остави без зборови за време на твојот престој во Македонија?

Искрено, фактот што има многу малку Бразилци, обично нè има многу низ целиот свет. Јас запознав само еден.

Додека си во Скопје, успеа и да изработиш неколку фотосесии. Раскажи ни малку за тоа искуство.

Беше тешко да се најдат клиенти за фотографирање кои би ги ставил во моето портфолио. Девојките се срамежливи во Скопје, не знам дали е тоа поради ладното време.

Во клубовите беше полесно за фотографирање, иако не ги разбирав многу што зборуваат поради јазикот но, верувам дека во летото има повеќе опции за фотографирање, настави и полни клубови.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-21.jpg

И за крај, што мислиш за македонските девојки?

Мноогу убави! За жал, одбрав да дојдам во Македонија само што почнав сериозна врска. Можеби ќе почекав да знаев дека ќе доаѓам во Македонија и ќе престојувам тука подолг период.

Но, веќе им раскажувам на моите другари за тоа колку се убави девојките тука и дека мора да дојдат да ја посетат Македонија и да ги запознат.

Погледнете повеќе фотографии од објективот на Клаудио:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg