Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати повеќе за странци“

„Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно некој од многу подалеку, како Бразил. Секогаш ми даваа совети, ме покануваа да посетам нови места, имаа многу прашања, но секогаш се трудеа да ми биде удобно. Гласни и интересни, многу забавни, но пред сè секогаш се тука да ти помогнат и навистина можеш да сметаш на нив“, открива Клаудио, фотограф од Бразил кој помина три месеци во Скопје.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-01.jpg

Младиот Бразилец Клаудио раскажува за неговите три месеци поминати во Скопје, за посетата на Охрид и што му се допаднало, а што не во нашата мала Македонија.

Клаудио Александре Леао Рего е 33-годишен фотограф од Хортоландија, мало гратче во внатрешноста на Сао Пауло.

Од почетокот на октомври Клаудио престојува во Скопје, а причината за неговата посета е „бегање од Шенген зоната“, додека средува документи да го легализира својот престој во Малта и конечно да се пресели на медитеранскиот остров.

За Скопје вели дека е прекрасно, посебно му се допаѓаат природните пејзажи и архитектурата, а од нашата храна најмногу му се допаѓа тавче гравче - вели е вкус што го потсетува на Бразил. За него Скопје е интересен и жив град, но Охрид и езерото се нешто што го воодушевило, посебно манастирот Свети Наум.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-29.jpg

Но, сепак, Скопје има една маана, а тоа се таксистите, за кои Клаудио вели му наплаќале трипати поскапо кога сфаќале дека е странец.

За CRNOBELO.com, овој млад Бразилец раскажува за своето искуство во Скопје и Охрид, и додава дека уште отсега планира да се врати, бидејќи има уште многу места кои сака да ги посети, а посебно Охрид во лето.

Тој вели дека иако Македонија и Бразил се на различни краеви од светот, заедничко им е што и Македонците и Бразилците сакаат да се забавуваат и да пијат!

Прочитајте го целото интервју со Клаудио:

Колку долго си во Македонија и која е причината за твојата посета?

Во Скопје сум околу три месеци, од октомври до декември. Причината беше тоа што морав да излезам од Шенген зоната, па се одлучив за Македонија бидејќи имав слушнато само добри работи за местото и за цените.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-02.jpg

Кој беше твојот прв впечаток за Скопје?

Беше одлично, се заљубив во пејзажите и зградите. Го имам тоа чувство дека се враќам назад во историјата, тоа е нешто што го немам искусено никаде во Бразил.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-03.jpg

Што најмногу ти се допадна во Скопје, а што не?

Ми се допаѓа целиот град, почнувајќи од пејзажите и целата архитектура, зградите, мостовите и статуите, а ги има многу. Она што не ми се допадна е лошиот квалитет на воздухот и тоа што во некои локали се пуши внатре.

Дури морам да си одам од некои барови бидејќи беше премногу задимено и не можев да го издржам мирисот на цигари.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-14.jpg

Кое е твоето мислење за локалците: Дали се пријателски расположени и сакаат да помогнат или се нељубезни и осудувачки настроени?

Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно некој од многу подалеку, како Бразил. Секогаш ми даваа совети, ме покануваа да посетам нови места, имаа многу прашања, но секогаш се трудеа да ми биде удобно.

Имав само некои проблеми со услугата во ресторани, изгледаше како да не сакаат да ми земат нарачка, па дури и како да не сакаат да им платам.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-07.jpg

Кои места ги посети за време на твојот престој во Македонија?

Се обидов да ги посетам сите туристички места во Скопје, како плоштадот, камениот мост, турската чаршија, Калето, Матка, Крстот на Водно и Музејот на Македонија. Исто така посетив многу трговски центри.

Ми се допаѓа да се шетам ни трговските, цените се одлични споредбено со други места низ Европа и Бразил.

Го посетив и Охрид и навистина е прекрасен. Посебно ми се допаднаа Самуиловата тврдина и манастирот Свети Наум. Одлично место за фотографирање.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-05.jpg

Што мислиш за Охрид?

Навистина ми се допадна градот, пред сè езерото и целиот поглед е волшебен. И секако, мора да споменам дека воздухот во Охрид е многу подобар од Скопје.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-10.jpg

Скопје или Охрид?

Охрид, поради целата убавина, но, Скопје поради забавата и секако, зависи од работната позиција.

Сметам дека Охрид вреди да се посети во лето, јас морам да се вратам во лето, бидејќи сите ми велат дека Охрид во есен не е ист како во лето, со сиот ноќен живот, плажи и метеж.

brazilecot-klaudio-makedonskite-devojki-se-preubavi-sheta-shto-sum-vo-vrska-no-vekje-im-raskazuvam-na-drugarite-vo-brazil-za-niv-06.jpg

Интервјуто продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Тамара Тодевска за врската со Лука: „Внимателен е, грижлив и со многу љубов се однесува кон мене и м... „Лука е непосреден, отворен, забавен, позитивен, сака луѓе и дружење. Многу едно...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg