Анастасија од Скопје е моторџика: „Поминав 3.800km околу Јадранот за 15 дена со мотор“

Како ги восприемаш и одговараш на стереотипите поврзани со девојки и мотори?

Во мое опкружување не познавам луѓе кои имаат вакви стереотипи, баш напротив, јас сум максимално поддржана и охрабрена како моторџика како и секој друг.

anastasija-od-skopje-e-devojka-na-dve-trkala-najdolgoto-patuvanje-so-motor-mi-e-krug-okolu-jadranot-15-dena-i-3800-kilometri-16.jpg

Дали имаш совети за други девојки/жени кои би сакале да ги следат твоите стапки и да почнат со возење мотор?

Советите се како и за секој друг. Настапете кон мотоциклизмот со љубов и правете го она што сакате најпрво за себе. Оставете ги предрасудите настрана и обидете се.

Мојата филозофија кон работи за кои имаме пасија е дека сè се учи и сè може да се совлада со доволно вежбање.

anastasija-od-skopje-e-devojka-na-dve-trkala-najdolgoto-patuvanje-so-motor-mi-e-krug-okolu-jadranot-15-dena-i-3800-kilometri-24_copy.jpg

Кое е најдолгото патување со мотор кое го имаш остварено?

Најдолгото патување за мене беше ланската сезона, во 2022-ра, кое практично беше круг околу Јадранското Море. 2 мотори тргнавме од Скопје до Драч, каде фативме траект до Бари.

Оттаму следеше прекрасна дружба и разгледување на Јужна Италија со наши блиски пријатели од Италија. Се упативме кон Рим, па Римини, и се сретнавме во Словенија со друга група моторџии, пријатели од клубот од Скопје и блиски пријатели од Словенија.

По 3 денови поминати со фантастични ручеци, забави, возење на околината, планински премини, се упативме назад кон Скопје. Патувањето вкупно беше околу 15 дена и поминавме 3.800 километри.

anastasija-od-skopje-e-devojka-na-dve-trkala-najdolgoto-patuvanje-so-motor-mi-e-krug-okolu-jadranot-15-dena-i-3800-kilometri-05.jpg

Како жените моторџии се прифатени во Македонија?

Мислам дека на секој моторџија навистина му е чест кога ќе запознае девојка моторџика и се прекрасно прифатени.

anastasija-od-skopje-e-devojka-na-dve-trkala-najdolgoto-patuvanje-so-motor-mi-e-krug-okolu-jadranot-15-dena-i-3800-kilometri-12.jpg

Колку жени има во Македонија што возат мотори? Дали имате клуб или заедница?

Немам информација за точната бројка, но би рекла дека сè повеќе гледам девојки моторџики и тоа ме радува. Јас лично не сум член на таква заедница и не знам дали постои.

Членувам во „Мото Клубот Вепар“ кои се македонски клуб и нема предуслови за членство во однос на полот. Таму ги запознав едни од моите најдраги пријатели и сродни души за патувања и љубовта кон мотоциклизмот.

anastasija-od-skopje-e-devojka-na-dve-trkala-najdolgoto-patuvanje-so-motor-mi-e-krug-okolu-jadranot-15-dena-i-3800-kilometri-08.jpg

Дали досега си имала несреќа со моторот?

Како што моите поискусни колеги моторџии би рекле, има 2 типа на мотоциклисти, оние кои паднале и оние што ќе паднат. Да, сум имала неколку мали несреќи, но за среќа не биле сериозни.

Повеќе фотографии од Анастасија на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Бразилецот Клаудио за посетата во Македонија: „Македонките се преубави, таксистите наплаќаат трипати... „Локалците, кои јас ги запознав, се навистина заинтересирани за странци, посебно...
Емилија Масларковска-Каневче, туристички водич: „Не сум сретнала странец кој не е воодушевен од Маке... „Омилени ми се туристите од Азија. Љубопитни се и сакаат да ја дознаат нашата ис...
Сара Трајковска, ќерката на Борис Трајковски ексклузивно за CRNOBELO: „Омилените спомени со татко ми... „Често му бев верна придружба кога одеше на пазар, а кога патуваше, од секаде ми...
Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...
Французинката Олга 2 пати го посети Скопје: „Македонците се прекрасен народ“ „Ми се допадна културата, мешавина помеѓу оксидент и ориент, природата, византис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg