Ана Јаневска: „Мојата домашна библиотека брои 418 книги, а ги обожавам крвавите трилери на Крис Картер“
Од кои домашни и странски писатели имаш добиено автограм?
Од домашните автори имам автограм од мојата драга пријателка Мирјана Проданова, а од странските писатели имам автограми на речиси сите книги од мајсторот за трилери - Крис Картер.
Кои книги те оставија без спиење оваа година?
Дефинитивно „Јавувачот“ од Крис Картер, „Pretty Little Wife“ од Дарби Кејн и „For Butter or Worse“ од Ерин Ла Роса. Патем, одлични книги што дефинитивно ги препорачувам!
Без ова прашање разговорот не може да помине. Кои се твои омилени писатели?
Кога станува збор за мојот омилен жанр (хардкор крвави трилери), омилен писател ми е легендарниот Крис Картер. Омилени авторки на романси ми се Колин Хувер и Вај Киленд.
На своите социјални мрежи често објавуваш и видео рецензии. На кој начин ги бираш книгите што ги обработуваш во видеата?
Видео рецензиите се нешто што го правам исклучиво за своја душа. Книгите што ги одбирам се книги што многу ми се допаднале, ми оставиле длабок впечаток и ми побудиле некаква емоција.
Тука некаде може да го завршиме разговорот... Може ли во блиска иднина да очекуваме книга напишана од тебе?
Секако дека да. Животна желба ми е да се остварам и како писател, така што се надевам дека тоа ќе се случи што поскоро.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Е. Х. | Црнобело