Сипхокази Трпкоски од Јужноафриканска Република е македонска снаа: „Сакам пастрмалија и ракија, Охрид ми е омилен, уште го учам јазикот“
Што најмногу ти недостига од твојата татковина?
Најмногу ми недостигаат семејството и пријателите.
Што ти се допаѓа од македонската кујна и дали готвиш?
Уживам во пастрмалијата, а некогаш и во ракијата.
Инаку, готвам и тоа јадења кои се типични за мојата родна земја, но и некои македонски специјалитети.
Што ти се допаѓа најмногу во Македонија, а што не ти се допаѓа?
Ми се допаѓа достапноста и можноста за патување во земјите кои се во околината.
А не ми се допаѓа екстремно топлото време на лето.
Дали некој од твоето семејство те има посетено во Македонија?
Не, сè уште не. Но се надевам дека наскоро ќе ме посетат.
А дали си била заедно со сопругот и синот во твојата татковина? Како изгледаше тоа патување?
Јас и мојот син сами бевме во Јужна Африка, во Јоханесбург. И си поминавме одлично.
Тој се приспособи добро меѓу своите баба, тетки и чичковци.
Таму бевме на лето, па поминувавме многу време на отворено, играјќи со пријателите и истражувајќи го градот.
Имаш ли пријатели тука? Како изгледа вашето дружење – каде сакаш да излегуваш, имаш ли омилени места?
Да, стекнав пријатели овде. Со некои од нив поминувам повеќе време.
Инаку, уживам да одам во паркови, на патувања, да истражувам нови места во земјата, но и да пробувам нова храна и да посетувам нови ресторани.
Моето омилено место досега е Охрид.
И Маврово ми се допаѓа, а летово сакам да посетам и некои нови места на кои не сум била претходно.
Која ти е најубава традиција во Македонија?
Македонската свадба ми е најубавата традиција. Многу е убаво и интересно да се сведочи на овој чин, особено затоа што љубовта е убава.
Сметам дека традициите се важни и дека треба и понатаму да се зацврстуваат и практикуваат.