Ивона Јо: „Бев жртва на булинг уште во основно училиште за мојот физички изглед, емоциите ги смирував со храна“

Зошто се одлучи да пееш на српски јазик?

Кога одлучив дека ќе снимам авторска песна се отворив кон универзумот да ми прати вистинска песна во вистинско време. „Буквално“ ме пронајде.

Се поврзавме и еве ја сега тука, како мое драго првенче на српски јазик.

ivona jo porano site emocii gi hranev so vnesuvanje na hrana a denes naogjam balans pomegju malite nervozi i uzivanjeto od mojata profesija 6

Самата направи дистанца помеѓу „старата Ивона“ и „новата Ивона“. Сите ние гледаме дека многу работи се сменија од тогаш. Што е она што ти недостига од „старата Ивона“?

Старата Ивона не беше overthinker (не знам збор на македонски кој може најдобро да ја опише оваа состојба). Старата Ивона знаеше да каже е сега е доста, денес нема да се заморувам со ова. И најчесто тој ден го земаше како day off и успеваше да не се оптоварува со ништо.

Ивона сега не верува дури таа не го сработи нештото. И тоа понекогаш знае многу да ме измори и да ми ја земе сета енергија.

ivona jo porano site emocii gi hranev so vnesuvanje na hrana a denes naogjam balans pomegju malite nervozi i uzivanjeto od mojata profesija 7

Откако социјалните мрежи зазедоа свој замав булингот драстично се зголеми. Како се справуваше со навредливите коментари што ги читаше и слушаше за себе?

Јас растев со булинг кој не беше на социјални мрежи. Булинг кој може да го слушне и види само оној кој се соочува со него. И потоа немав доказ дека воопшто и ми се случува.

Во основно училиште постојано имав булинг за мојот физички изглед. Само што тогаш во тоа време не беше нормализирано да се зборува гласно и отворено за проблемите со кои се соочувавме, па вешто си молчев и верував во зборовите кои тие ги изговараа.

Потоа, тие зборови стануваа мое секојдневие. Моето секојдневие стануваше мој шаблон со кој и ден денес се борам.

Во прашањето имаш употребено минато време. Дали знаеш на секојдневна база колку навредливи коментари и ден денес добивам? Посебно сега откако ја објавив песната на српски јазик? Тоа не престанува.

Дали ме погодуваат? Постојат коментари на кои никогаш нема да можам да останам имуна. И ми преостанува само секојдневно да работам на себе и да сфатам, дека луѓето го гледаат во тебе она што тие го носат во себе. Ништо повеќе, ниту помалку.

ivona jo porano site emocii gi hranev so vnesuvanje na hrana a denes naogjam balans pomegju malite nervozi i uzivanjeto od mojata profesija 8

Колку и како си помагаше самата во тие периоди? И кој беше клучниот момент кога одлучи да започнеш нов живот?

Во основно училиште бев оставена сама на себе да се соочувам со негативните коментари и малтретирања од учениците од училиштето. Како растев, како почнував со пеење и јавен живот, така коментарите се намалија.

Не затоа што јас се сменив, туку затоа што сега ме гледаа како Ивона која се појавува на медиуми и имаа малку поголема почит кон мене, што е небулозно и неприфатливо апсолутно.

Како се справував? Им верував на секој кажан збор кој го изговараа, и ја хранев самокритичноста (ова е анализа од свесната Ивона сега). Тогаш само молчев и голтав кнедли.

Клучниот момент да започнам нов живот се случи тогаш кога се уморив да ги обвинувам сите други околу мене за моето незадоволство и сфатив дека единствениот одговорен за среќата во нашиот живот сме ние самите.

ivona jo porano site emocii gi hranev so vnesuvanje na hrana a denes naogjam balans pomegju malite nervozi i uzivanjeto od mojata profesija 10

Со која порака би ги охрабрила сите оние кои се наоѓаат на патот од старото до новото јас?

Ниеден чекор од вашиот пат не го прескокнувајте. Секој чекор е точно таму каде што треба да биде и тој пат ве носи точно на местото каде што треба и сакате да бидете.

Верувајте во себе, но не и на сите гласови во вашата глава. Секојдневно одговарајте си на прашањето дали денес бев добар човек? Како кон себе така и кон другите.

И сакајте се. Со цела своја душа сакајте го своето постоење.

ivona jo porano site emocii gi hranev so vnesuvanje na hrana a denes naogjam balans pomegju malite nervozi i uzivanjeto od mojata profesija 11

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Јелена Карлеуша за CRNOBELO: „Еден ден ќе станам светска ѕвезда“ „Ника и Атина се скромни девојчиња, така ги воспитав. Пред Ника да почне да сним...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg