Љубовната приказна на Симона и Кристијан: „Се венчавме во манастирот Бигорски, направивме свадба во тениски клуб“
За стајлинзите се погрижи Ивана Рабренович, познат стилист, костимограф и сценограф од Белград. Кристијан носеше одело инспирирано од италијанската мода во комбинација со патики и кошула.
Носев 3 венчаници и секоја од нив беше со поразлична нота. Обожувам винтиџ работи, па така сакав и венчаниците да го отсликуваат тој момент.
Првата венчаница беше класична, романтична, втората поопуштена за танцување на подиумот и третата е инспирирана од модел на дизајнерката Вера Ванг во добропознатата серија „Gossip Girl“. Венчаницата беше дополнета со високи црни чорапи, патики и црна панделка.
Свадбата во нашето замислено италијанско дворче со нашите омилени луѓе се реализираше. Не сакавме вечерта да заврши, гостите молеа за уште една песна, а бендот бараше причина за да не прекине со забавата. Тортата ја сечевме на самиот подиум и ја јадевме на самиот подиум заедно со сите.
Не постојат зборови кои ќе го опишат чувството на реализирана точно онаква вечер како нашата, замислувана отсекогаш, споена со заедничките желби и креирана од нашите раце“.
Повеќе фотографии од свадбата:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело