Запознајте го 3-годишниот „Могли“ од Охрид (фото)
- Детали
- петок, 02 јуни 2023
Могли засекогаш ќе ни остане во срцата како детето од џунглата, но такво детенце вљубеник во природата има и во Охрид. Боси ноџиња во трева, истражување на поточиња, прошетки во природа му е омилено, а виновникот за тоа да се вљуби во природата е неговата мајка Ирена Ивановска (36) од Охрид.
Ирена Ивановска (36) од Охрид е мајка на 3-годишното момче Томи, кое е познато како охридскиот Могли, поради неговата љубов кон природата.
Могли
И, се разбира, токму Ирена е причината зошто Томи е вљубен во природата. Таа смета дека клучно е родителите да направат децата да ја сакаат, ценат и штитат природата.
Ирена за CRNOBELO.com говори зошто ѝ било клучно Томи да ја засака природата:
„Првите пет години се навистина важни за развојот на детето. Во текот на овие години, родителите можат позитивно да влијаат на благосостојбата на децата во текот на целиот живот, преку создавање висококвалитетни можности за учење и созревање.
Како мајка на тригодишно детенце, важноста на овој развоен период ми е на прво место.
Природата обезбедува многу доживотни придобивки за физичкото и менталното здравје. Изложеноста на витамин Д е здравa за коските и помага да се минимизираат проблемите поврзани со дијабетес и срцеви заболувања.
Дури и играњето со нечистотија се покажало дека го намалува нивото на анксиозност и стрес кај децата.
Сметам дека воведувањето на децата во различни природни средини може да им помогне да размислуваат подалеку од нивната непосредна околина и да изградат добра перспектива.