Актерот Крис Петровски од Битола гради кариера во Холивуд: Снима со светски ѕвезди, а не може без македонска храна

„Ја посетив Македонија со сопругата и семејството во јули 2019 година. Таму останавме околу еден месец. Би сакал да можев да останам подолго, но морав да се вратам на работа“, вели за CRNOBELO.com актерот Крис Петровски, кој од 2015 година снима во Холивуд со Морган Фриман, Џесика Честејн, Вилдер Валдерама...

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-01.jpg

Актерот Крис Петровски, родум од Битола, веќе долги години снима во Холивуд. Откако во 2015 година ја доби улогата на русинот Дмитри Петров во хит-серијата Madam Secretary, сè повеќе продуценти и режисери бараат да работат со него.

Крис низ годините снимаше со Морган Фриман, Дени Гловер, оскаровката Џесика Честејн и Вилмер Валдерама, еден од омилените ликови од хумористичната серија That ’70s Show. Глумеше и во Blacklist, NCIS, FBI, Ray Donovan, сними и неколку независни филмови, а наскоро ќе почне да се прикажува и неговата нова серија Average Joe.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-25.jpg

Во сето ова, Крис не ги заборава своите македонски корени, иако имал само 5 години кога со семејството се преселил на Нов Зеланд.

Овој актер, боксерски тренер и татко во интервју за CRNOBELO.com раскажува за своите спомени врзани со Македонија, за актерската кариера и приватниот живот.

Прочитајте го целото интервју со Крис Петровски:

Роден си во Битола, како дете се пресели на Нов Зеланд, а сега живееш во Лос Анџелес. Раскажи ми за твоите македонски корени, за детството…

На пет години се преселив од Битола на Нов Зеланд.

Татко ми во тоа време лесно доби зелена карта поради големата побарувачка на водоводџии и електричари на Нов Зеланд. Брзо откако му ја одобрија визата, тој нè донесе и нас таму.

На Нов Зеланд одев на училиште до 18 години, но на секои две или три години со семејството патувавме назад во Битола и поминувавме време со семејството по неколку месеци.

Јас дури и учев во „Буковски ливади“ околу шест месеци кога имав девет години.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-26.jpg

Кога последен пат си бил во Македонија?

Ја посетив Македонија со сопругата и семејството во јули 2019 година. Таму останавме околу еден месец.

Би сакал да можев да останам подолго, но морав да се вратам на работа.

Сакам да доаѓам таму, посакувам да можам да ја посетувам фамилијата почесто. Се чувствувам многу поврзан со Македонија.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-05.jpg

Кога реши да се занимаваш со глума и да се преселиш во САД?

Завршив средно училиште и се запишав на факултет за глума во Нов Зеланд.

Случајно, таму имаше еден продуцент, добитник на Оскар, кој ме виде пред да се врати во Лос Анџелес.

Ми рече: „Не припаѓаш овде. Мислам дека можеш да направиш големи работи во Лос Анџелес“.

Тој ми обезбеди аудиција на Академијата за актерство „Стела Адлер“, каде што студирав две години. Не можев да верувам дека сум таму. Јас бев дете од Македонија кое одеднаш тргна во училиштето во кое одеше и Роберт де Ниро.

Но, искрено, на почетокот не се чувствував добро. Го мразев Лос Анџелес, вревата, бездомниците, вршењето нужда на улиците. Не беше како што фантазирав. Но, мојата желба да глумам ме задржа таму.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-02_copy.jpg

Колку време ти требаше да ја добиеш првата улога? Се сеќаваш ли каде глумеше, кој лик го играше?

Би рекол дека улогата со која се пробив беше онаа на Дмитри Петров во Madam Secretary.

Јас пристигнав во Лос Анџелес во 2010 година, а улогата на Дмитри ја добив во 2015 година. Откако го остварив ова, веќе можев да контактирам со некои од најдобрите агенти во светот. Остатокот е историја.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-28.jpg

На листата луѓе со кои си соработувал се и Дени Гловер, Џесика Честејн, Тим Дејли, Теа Леони, Морган Фриман… Каква е твојата реакција кога првпат ќе застанеш покрај актери од толку голем калибар? Или веќе се навикна да бидеш во нивно друштво?

Секогаш е прилично застрашувачко да се сретнеш со некој кого си го гледал додека растеш. Некој што ти бил херој. Но, се обидувам да го блокирам тоа чувство колку што можам.

Кога режисерот ќе рече „акција“, јас се претворам во ликот што го глумам, исто како и ѕвездата спроти мене, така што мислам дека станав прилично добар во тоа што можам да го блокирам тој дел.

Од друга страна, кога ќе заврши снимањето, секогаш разговарам со нив, зборуваме за нашите животи. Тоа чувство е многу надреално.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-30_copy.jpg

Продуцентите најчесто ти даваат улоги на Руси. Но, неодамна доби и улога каде што можеше да зборуваш со американски акцент. Дали е тешко да се избега од стереотипот дека можеш да играш само Руси или балкански момци бидејќи потекнуваш од овие простори?

Не е премногу тешко да се избега од стереотипот, искрено. Имам совршен американски акцент, па ме сакаат и за другите улоги, но телевизијата навистина ме сака за улогите на Русите/Балканците.

Мислам дека тешкотијата со луѓето кои имаат навистина автентични источноевропски акценти е тоа што американската публика не може лесно да го разбере нивниот англиски, бидејќи акцентот им е многу силен.

Јас најдов начин да го модифицирам акцентот, така што им е лесно да ме разберат. И затоа мислам дека многу често ме бараат за улоги со акцент.

akterot-kris-petrovski-od-bitola-gradi-kariera-vo-holivud-snima-so-svetski-dzvezdi-drzhi-chasovi-po-boks-i-ne-mozhe-bez-makedonska-hrana-17.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Видеата на Маја од Прилеп се хит на Инстаграм: „Добивам и негативни коментари, најмногу за 'ботоксот... „Има негативни коментари, најмногу за филтерот кој го употребувам за устата и не...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...
Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Давид (Јанг Дади) за CRNOBELO лексикон: „Откачувам на 'Лична карта' во кафеана“ „Еднаш земав да се бричам со на татко ми бричот на мои 3-4 години, и останатото ...
Сања е самохрана мајка со своја фарма во с. Четирце: „Мотив за бизнисот ми беше мајка ми да не се см... „Порано бев осудувана што сум самохрана мајка. Осудите беа од типот дека тоа сум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg